Ѕанакопулос: Предуслов за решавање е промена на уставното име
Објавено во: Балкан 07 Мај, 2018
Предуслов за решавање на прашањето е поранешната југословенска Република Македонија да ја прифати обврската за промена на нејзиното уставно име, изјави портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Алфа 984“.
Ѕанакопулос уште еднаш ја повторува грчката позиција за која смета дека би можела да биде прифатена и технички имплементирана од македонска страна за да постои одржливо решение.
„Потребен е договор кој јасно ќе ги опише чекорите на решението. Промена на името во меѓународните односи, во продолжение признавање, на пример, од грчка страна, потоа промена на Уставот на поранешната југословенска Република Македонија за во Уставот да се вклучи новото име, а потоа поддршка од Грција за интеграција на соседот во сите меѓународни организации. Ова е позицијата што ја претставивме во преговорите“- вели Ѕанакопулос.
Според последната анкета направена во Грција, за 45 отсто од Грците е разбирлива перспективата за сложено име со вклучен термин Македонија.