25 Април, 2024
0.0369

ŠKODA AUTO ја доби наградата COMPANYBEST за 2020 година

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемото независно автомобилско жири во Европа, AUTOBEST, ѝ го додели признанието „COMPANYBEST 2020“ на чешкиот бренд ŠKODA. Панелот на новинари од 31 земја го препозна импресивниот развој на производителот на автомобили и нивната имплементација на иновативни концепти во производството. Покрај проектот за дигитализација „dProduction“ во производствениот погон во Kvasiny, панелот го препозна и решението на брендот спроведено во Mladá Boleslav, каде што возилата MQB и MEB се градат едни покрај други на истата производна линија. Дополнително, ŠKODA Octavia, најпродаваниот модел на чешкиот производител на автомобили, е еден од финалистите и за наградата „Best Buy Car“ за 2021 година.

ŠKODA беше крунисана како победник со наградата „COMPANYBEST 2020“. 31 член од независното AUTOBEST жири го награди чешкиот производител на автомобили, меѓу другото, и за импресивното зголемување на својот пазарен удел и бројот на нови регистрации насекаде низ светот. Панелот новинари исто така го препозна и атрактивниот дизајн на моделите наŠKODA, кои се надополнети со решенија ориентирани кон корисникот, за практичните „Simply Clever“ карактеристики на брендот, како и за многубројните технолошки иновации.

ŠKODA исто така гo освои жирито и со својот паметен концепт за производство. Во погонот во Mladá Boleslav, чешкиот производител на автомобили исто така го произведува и моделот ENYAQ iV, кој е базиран на платформата MEB за модуларни електрични автомобили и моделите OCTAVIA и KAROQ базирани на MQB, произведени едни покрај други, на иста производна линија со максимална флексибилност.AUTOBEST го препозна и проектот „dProduction“имплементиран во производствениот погон во Kvasiny, преку кој, сета работна сила во фабриката се води дигитално низ производствените чекори, документацијата и контролата на квалитет.

Како дополнување на ова признание, новата ŠKODA OCTAVIA ќе земе учество и во значајните тест возења за наградата „Best Buy Car во Европа за 2021 година“, а победникот ќе биде објавен во средината на декември.

ŠKODA го освои признанието и минатата година, кога жирито го награди дигиталниот асистент Laura со наградата „SMARTBEST“. Laura беше прогласена за иновација на годината, победувајќи ја конкуренцијата во областа на интеракција во автомобилот помеѓу возачот и вештачката интелигенција.



ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка