29 Март, 2024
0.0259

Ѕанакопулос: Уште не сме блиску до исходот од преговорите и постигнување договор

Објавено во: Балкан 15 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Во тековните разговори со нашите соседи имаме направено значителен напредок, но сѐ уште не сме блиску до исходот од преговорите и постигнување договор,  вели Димитрис Ѕанакопулос, портпаролот на грчката Влада и министер без ресор. 

Тој додаде дека токму затоа средбата на двајцата премиери “ќе биде исклучително корисна и важна”.

„Но, во никој случај не можеме да предвидиме дека ќе се постигне договор и многу веројатно дека ќе биде потребна и следната рунда со цел да се покрие дистанцата што ги дели двете страни“– рече Ѕанакопулос. 

Тој кажа дека грчката Влада продолжува “стабилно и одлучно да ја брани националната линија за сложено име, што ќе важи за сите, нешто за што предуслов, по дефиниција е ревизија на Уставот”.

Портпаролот на грчката Влада рече дека агендата на средбата на двајцата премиери ќе ги содржи прашањата во целост, што се поврзани со преговорите за името.

Во однос на евентуалниот меѓународен договор меѓу двете земји, што би содржел и како би се имплементирал, Ѕанакопулос рече дека „останува уште доста пат да се изоди за да стигнеме до онаа точка кога ќе разговараме за правно-техничките детали на еден можен Меѓународен договор меѓу двете страни”.

Од друга страна, пак, портпаролот на грчката Влада повтори дека евентуалниот договор ќе треба да биде комплетен, а на делови и “ќе го опишува начинот на кој ќе стигне до имплементирање на новото име што ќе важи за сите” од страна на нашата земја.

Ѕанакопулос рече дека на пример не може сите документите на една земја да се сменат во една седмица и додаде дека „е очигледно дека ќе се дадат одредени временски рокови, кои ако не се почитуваат ќе има прекршување на договорот”. За други прашања, пак, портпаролот на грчката Влада не сакаше да влезе во дополнителни технички детали, но рече дека кога ќе постои договор ќе се претстават сите детали.

Можеби ќе ве интересира

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

ВЕШТАЧЕН Е ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА НА ДАНКА: На денот на исчезнувањето на девојчето бришела повици и пораки

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БИХ- еден ученик донел пиштол во училиште, со другарите планирале грабеж

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

Започна уредувањето на просторат за „италијанскиот“ емигрантски камп во Албанија

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

МАЈКАТА ПРЕД ИСЧЕЗНУВАЊЕТО ЈА СЛИКАЛА ДАНКА ОД ТРИ АГЛИ - Курир дознава дека се прегледани околните тунели и детето го нема

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?