А СЕГА КРЕДИТИТЕ ВЕЌЕ СЕ НАВИСТИНА СКАПИ - во февруари измерена каматна стапка за граѓаните од 5,34 отсто

Објавено во: Финансии 31 Март, 2023
Ако досега беше срамежливо, сега веќе навистина можеме да зборуваме за сериозно зголемени каматни стапки и скапи кредити. Народна банка на Македонија јави за последните движења кај каматните стапки, податоци кои се однесуваат заклучно со февруари оваа година.
Тие пподатоци говорат дека во просек, граѓаните и компаниите за земените кредити требало да платат камата од 5 отсто годишно, што значи дека веќе пробива психолошката граница од 5 отсто, иако тоа беше речиси идентично и еден месец претходно, кога каматите на вкупните кредити беа на ниво од 4,98 отсто.
Но, ако направиме споредба со февруарти минатата година, можеме да забележиме дека тогаш каматите на вкупните кредити биле на ниво од 4,33 отсто, што значи дека за една година имаме поскапување на вкупните кредити од 0,67 процентни поени.
Треба да се истакне и дека граѓаните плаќаат поскапи банкарски кредити од оние на компаниите.
Па така, во февруари домаќинствата плаќале каматни стапки од 5,34 отсто на сите кредити, додека, пак, за бизнис секторот каматните стапки биле 4,63 проценти.
Кога станува збор за новоодобрените кредити, пак, тие достигнале уште повисоки каматни стапки во февруари, и тоа 5,2 отсто.
Како што е познато, Народна банка пред неколку дена ја зголеми уште еднаш основната камата, и тоа донесувајќи ја дури до 5,5 отсто, а како причина, покрај високата инфлација, ја наведоа и загриженоста околу најновите случувања со пропаста на американски банки, како и несигурноста која се почувствува на европското банкарско тло.
За новоодобрените кредити домаќинствата имаат малку пониски камати, и тоа 5,18 отсто, додека, пак, за компаниите, каматите на новоодобрените кредити се 5,22 проценти.
„Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во февруари 2023 година, бележи месечно и годишно зголемување од 0,02 п.п. и 0,67 п.п., соодветно и изнесува 5,00 отсто“, се вели во соопштението од НБМ.
А, покрај тоа што кредитите стануваат се поскапи, станува и малку поисплатливо да се штеди.
Па така, каматната стапка на вкупните кредити сега е рамно 1 отсто, што и не е некој мотив за штедење, но ако се има предвид дека пред една година таа била 0,7 проценти, сепак, е извесно зголемување.
Но, дека има раст на каматите на штедењето, говорат и последните податоци за февруари кои се однесуваат на новопримените ндепозити.
Тие покажуваат дека во февруари, каматните стапки на новопримените депозити достигнале 1,86 отсто, што е значаен пораст во однос на февруари лани, кога каматата на новопримените влогови била 0,65 проценти.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР ОТКРИВА: Што да се очекува од спојувањето на Комерцијална и Стопанска Битола - ЌЕ БИДЕ ЕДНА НАВИСТИНА ГОЛЕМА БАНКА
ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ГОЛЕМО БАНКАРСКО ЗДРУЖУВАЊЕ - Комерцијална банка ја разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола

ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ ПАРИТЕ ОД ДАНОКОТ НА СОЛИДАРНОСТ: Бесими ги соопшти деталите

„ГАСПРОМ“ ГО ОТФРЛИ ДОЛАРОТ: Трансакциите ги вршат со јуани и рубљи

ЕВЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ ГЕРМАНЦИТЕ НА ЧАС: „Срамно мал износ“

ШТО ГИ СТОПИ ГРАЃАНСКИТЕ ДЕПОЗИТИ ВО АВГУСТ - има ли врска граѓанската обврзница, а еве што објасни монетарната власт
„ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е 36.200, ТУКУ 24 ИЛЈАДИ“: Глигорова со поразувачка пресметка за трошоците на едно семејство

Доларот зајакна десетта недела по ред: „Не се случило 10 години“

ГЕРМАНИЈА СТАНА „БОЛНИОТ ПАЦИЕНТ“ НА ЕВРОПА: Падна најмоќната институција, Берлин во виорот на мизерија и очај
