А1 Македонија до корисниците што имаат сметки во Македонски пошти: Услугите може да се плаќаат онлајн
Објавено во: Македонија 14 Август, 2020
А1 Македонија ги известува своите корисници дека
како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат
да ги вршат уплатите за своите сметки преку експозитурите на банката и поштенските
единици на Македонска пошта која ја извршуваше оваа услуга во име на банката.
Сметките за услугите на А1 Македонија можат да бидат уплатени онлајн, преку веб страницата на А1 Македонија, преку апликацијата Мојот А1, во секој продажен салон од мрежата на А1 Македонија и во експозитурите на останатите банки.