21 Октомври, 2021
0.0298

А1 Македонија го постави “СМАРТ езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција” во општина Велес

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2021

А1 Македонија информира дека проектот СМАРТ езеро Младост е целосно имплементиран со што општина Велес ја почнува својата трансформација во модерен и паметен град по примерот на развиените европски градови и го подобрува квалитетот на живот на граѓаните во Велес и посетителите на езерото Младост.

СМАРТ езеро Младост нуди бенефити не само за општина Велес која преку ова решение има можност за напредно далечинско управување на ресури и генерирање на заштеди туку нуди и збогатена туристичка понуда за сите посетители на ова туристичка атракција. Решението предвидува користење на IoT платформа и имплементација на WEB базирана апликација каде што се интегрираат шест различни IoT решенија. Тие вклучуваат воведување модерен интегриран систем за контрола на автоматското осветлување (Паметно осветлување), паметно управување со простор за паркирање (Паметно паркирање), паметно управување со отпад (Паметен отпад), паметни клупи со интегриран безжичен Интернет (Паметни клупи), полнач за електрични возила со можност за електронско плаќање (Полнач за електрични возила) и електрични велосипеди со паметно заклучување (Паметни велосипеди) со SaaS (софтвер како услуга) решение за управување со паметно заклучување.

А1 Македонија беше избрана како најдобар понудувач на меѓународен тендер финансиран од ИПА 2 програмата и Владата на РСМ. Одобрените средства се управувани од Светска Банка, а тендерот се спроведе во согласност со Процедурите за национално конкурентно наддавање како што е утврдено во Насоките за набавки на Светска банка.

А1 Македонија цврсто верува во новата ера на паметна поврзана технологија и затоа и понатаму ќе остане фокусирана на изготвување и реализирање проекти во оваа област кои ќе придонесат кон унапредување на модерното живеење. 


Можеби ќе ве интересира

Контрола на мастите во организмот со природни препарати

Контрола на мастите во организмот со природни препарати

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „Петта авенија“: „Божиновски часовници и накит“ со нов бутик салон кој доликува на светските метрополи

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „Петта авенија“: „Божиновски часовници и накит“ со нов бутик салон кој доликува на светските метрополи

Летонија ја лансираше првата 5G прекугранична тест локација во Европа

Летонија ја лансираше првата 5G прекугранична тест локација во Европа

Дали вашите податоци се безбедни на вашиот паметен уред?

Дали вашите податоци се безбедни на вашиот паметен уред?

Издадена 30.000-тата IuteCredit Mastercard картичка

Издадена 30.000-тата IuteCredit Mastercard картичка

Започна наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија во која главната награда е атрактивно АТВ-возило

Започна наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија во која главната награда е атрактивно АТВ-возило

Дарко од Охрид, од верен играч на 2win.Mk , до сопственик на нов скутер

Дарко од Охрид, од верен играч на 2win.Mk , до сопственик на нов скутер

Плаќање на сметки за режиски трошоци во Пошта по најконкурентни цени

Плаќање на сметки за режиски трошоци во Пошта по најконкурентни цени

VISA Business од Силк Роуд Банка: Eдинствена бизнис картичка со поврат на средства во државата

VISA Business од Силк Роуд Банка: Eдинствена бизнис картичка со поврат на средства во државата