19 Април, 2024
0.0259

А1 Македонија го воведува “А1 Флекси” - флексибилен модел на работа

Објавено во: Мои пари 10 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

А1 Македонија поставува нови стандарди во креирањето на начинот на работење за своите вработени и со гордост објавува дека го воведува флексибилниот модел на работа именуван како“А1 Флекси”. 

Со “А1 Флекси”, А1 Македонија ги урива границите на традиционалното работно време и место и се насочува кон својата цел, агилна компанија која на своите вработени им нуди флексибилен начин на работа создаден за подобар баланс на приватното време и времето поминато на работа.

Концептот нуди две категории и тоа: Flexi Тime, кој нуди флексибилност во времето на доаѓање и заминување од работа и FlexiPlace, концепт кој на вработените им дозволува повремена работа од дома или од друга локација.


„Флексибилното работење не е нов концепт на македонскиот пазар, но е прв пат една голема компанија како А1 Македонија да го воведе во својот начин на работење. “А1 Флекси” е голем чекор и предизвик за нашата компанија, но веруваме дека на нашите вработени ќе им овозможиме ново искуство и ќе им помогнеме да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа“, вели Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

Флексибилното работно време не го менува бројот на работни часови, туку само ја зголемува продуктивноста на вработените, а со тоа и им помага да направат подобар баланс помеѓу приватното време и времето поминато на работа.

Со воведување на “А1 Флекси”, компанијата покажува дека е подготвена за организациска еволуција, преку интеграцијата на деловниот и приватниот живот, a за поголемо задоволството на вработените.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ