25 Април, 2024
0.0274

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава: Потврдено со мерењата на АЕК

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Телекомуникациската компанија А1 Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека има најдобри измерени вредности при мерењата на квалитетот на мобилните мрежина територијата на целата држава, спроведени од страна на независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Независните мерења од страна на Секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции во рамките на АЕК, во тек на целата 2020 година, покажаa дека мобилната мрежа на А1 Македонија има најдобри резултати на територијата на целата држава за пренос на податочни услуги, односно за преземање на содржини, како и најдобри резултатиза параметрите за успешни, непрекинати повици и квалитет на говор.

Националниот извештај за 2020 година покажува дека за преземање на фајл со големина од 10 GB, А1 Македонија обезбедува брзина на пренос на податоци од 97 Mbps,наспроти задолжителната вредност од 55Mbps дефинирана од Агенцијата за електронски комуникации,што претставува исклучителна предност и највисока измерена брзина на македонскиот телекомуникациски пазар досега.

”Особено сум горд на резултатите од мерењата на квалитетот на мрежите спроведено од страна на Агенцијата за електронски комуникации бидејќи тие се уште една потврда за квалитетот на услугите и перформансите на мрежата на А1 Македонија, но пред сè се потврда за заложбите на компанијата насочени кон обезбедување понуди и услуги со конкурентни цени и врвен квалитет за над 1 милион А1 корисници. Во изминатите неколку години А1 Македонија инвестираше преку 30 милиони евра во модернизација и изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTE технологија, а само во 2020 година направена е инвестиција од над 1,5 милиони евра насочени кон надградба на базните станици. Продолжуваме со исто толкава посветеност, енергија и интензивни вложувања во сите сегменти од работењето, со нови инвестиции во мрежата кои ќе ја зацврстат позицијата на оператор со најбрз мобилен интернет и ќе придонесат во обезбедувањето на врвно корисничко искуство што е нашата примарна цел“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Изминатата година базните станици на А1 Македонија се надградени со дополнителен капацитет и 4G напредна технологија како Carrier Aggregation и4x4MIMO кои можат да овозможат брзини дури до 585 Mbps.

Мерењата се спроведени на територијата на целата земја и беа опфатени сите поголеми населени места и главни сообраќајници со користење софистицирана опрема инсталирана во специјално мерно возило за симулација на корисничко искуство, односно со комбинација од хардверско/софтверско решение за генерирање, анализа и објавување на податоците.

Контролата ја спроведува АЕК која ги мери параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги, а оваа активност произлегува од Правилникот за параметрите за квалитет на јавните електронски комуникациски услуги обезбедени преку јавни радиокомуникациски мрежи.

Извештаите од извршените мерења на АЕК се објавени на официјалната страница на 

https://komuniciraj.mk/mk/izmereni-parametri-za-kvalitet-2020/

ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan