28 Март, 2024
0.0425

А1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“

Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Од денес А1 Македонија продолжува со едукативни предавања за четвртоодделенците низ земјата, за безбедно користење на интернет, кои се во склоп на проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“.

„Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Поради условите во кои се одржуваат часовите во училиштата, оваа учебна година работилниците ќе се одвиваат онлајн, преку платформата на MS Teams. 

 “Како компанија која е двигател на дигитализацијата во нашата земја, имаме одговорност да ги едуцираме најмладите членови на нашето општество разумно и внимателно да го користат интернетот. Сведоци сме на многу “темни страни” на интернетот, па затоа дигиталната писменост уште во најрана возраст е неопходна за градење на здрав и правилен однос кон можностите кои ги нуди виртуелниот свет. Оваа година ја продолжуваме иницијативата која долги години е пракса во нашата компанија, но адаптирана на новите услови во кои функционира наставата во училиштата. Нашите колеги се подготвени и во овие околности, преку онлајн работилници, да го пренесат сето знаење и да ги едуцираат учениците за како безбедно да го користат интернетот.” - изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Оваа година во склоп на програмата ќе бидат опфатени повеќе од 10 основни училишта од 6 градови во земјата - Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Тетово и Штип, а првото предавање е денес во ОУ “Блаже Конески” во Скопје. 

“Министерството за образование и наука постојано се залага учениците во училиштата да го добијат сето основно знаење кое ќе им помогне за понатамошно стручно надградување во животот, а токму овој тип на едукативни предавања подразбираат втемелување на знаењето за една тема која е дел од нашето секојдневие. Наставата оваа година се одвива онлајн и учениците секојдневно се изложени на интернет, па затоа во нашите раце е како министерство, но и како општество да се погрижиме децата да се едуцираат и да бидат максимално подготвени за предизвиците кои ги носи дигиталниот свет.” - велат од Министерството за образование и наука.

Иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во земјава  започна во 2013 година, додека проектот „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" креиран за четвртоодделенците во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија започна во февруари 2018 и истиот досега има опфатено 21 училиште ширум земјата и едуцирано повеќе од 2000 деца на таа возраст. Заложбата на А1 Групацијата е до 2023 година на групациско ниво преку тренинзи и работилници на тема дигитална писменост да се едуцираат нас 100.000 деца и возрасни.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија