25 Април, 2024
0.0268

А1 Македонија за најмладите: Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

А1 Македонија со задоволство го најавува продолжувањето на  едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“, наменета за учениците од четврто одделение. Годинава, за разлика од претходните,  најмалите членови на А1 семејството имаат можност да го пријават своето одделение и да присуствуваат на работилниците организирани во просториите на компанијата. Денес се одржа и првата работилница од овогодинешниот циклус за учениците од ОУ ‘11 Октомври’, предводена  од страна на волонтери - предавачи вработени во А1 Македонија.


„Големиот интерес од страна на учениците, наставниот кадар во основните училишта како и на родителите на ученици од четврто одделение вработени во А1 Македонија, не поттикнаа и оваа година да продолжиме со организација и предавања на темата безбеден интернет. Секој родител во соработка со училиштето има можност да пријави паралелка или цела генерација четврдоодделенци за реализација на едукативната работилница во просториите на компанијата. Горди сме што со оваа програма придонесуваме кон едукација на најмладите и кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет и што уште еднаш ја потврдуваме својата јасна определба да вложуваме во заедницата каде работиме и живееме,” - изјави Емилија Зографска, од одделот за Корпоративни комуникации на A1 Македонија.


Целта на проектот е едукација на учениците за подобро и паметно користење на интернет, како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи, како и подигање на свеста на пошироката јавност за етичко и одговорно однесување при користењето на интернет. Преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците стекнуваат неопходни компетенции за нивно активно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. Во рамките на 60-минутните предавања, волонтерите од А1 Македонија, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето.  


За проектот:

 Проектот започна во 2018та година на територијата на град Скопје, кога предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки, а активно беа вклучени повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.

 Поради успехот и потребата од ваков тип на работилници, во 2019та година проектот успешно продолжи да се одвива во 12 општини низ целата земја.

 Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.

 Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Дел е од иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Со програмата досега се опфатени повеќе од 2000 ученици.


Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan