25 Април, 2024
0.0263

АБИТ и Хрватскиот институт за банкарство и осигурување – ХИБО од Загреб ја интензивираат соработката

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

На покана на амбасадорот на Република Хрватска во Скопје, г-ѓа Нивес Тигањ се одржа средба со директорот на АБИТ, д-р Синиша Наумоски. 

Имено, на состанокот беше разговарано за отпочнување на поактивна соработка со Хрватскиот институт за банкарство и осигурување – ХИБО од Загреб. Оттука, амбасадата ќе ја поддржи иницијативата за соработка и пренесување на искуствата на ХИВО, како модел за преструктурирање и трансформација на АБИТ, со цел, стабилизација и приближување кон европските стандарди за финансиска едукација и банкарски тренинг. За таа цел, директорот на ХИБО од Загреб, проф. д-р Ивица Прга упати покана за официјална средба во Загреб на претставници на АБИТ и Амбасадата на Република Хрватска во Скопје, во текот на идниот месец.

Хрватскиот институт за банкарство и осигурување – ХИБО, после 25 години работа на стручната едукација на хрватските банкари и осигурителни работници, се трансформира во јавно-приватно партнерство со многу поголемо учество во капиталот и финансирањето од страна на Хрватската Народна Банка и Министерството за финансии на Република Хрватска. Токму затоа, беше оценето дека, сега, е добар момент таквиот модел на ХИБО да се имплементира или да се развива во земјите од Западен Балкан, вклучително и кај нас.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка