20 Април, 2024
0.0380

Ацевски за работењето на Лидија Димова: Државна ревизија не може да има на европските пари

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Максим Ацевски, главниот државен ревизор, во интервју за „360 Степени“ синоќа рече дека ДЗИ нема надлежност да го испита работењето на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност., затоа што само мал дел од буџетот таму е финансиран од државата.

Директорката Лидија ДИмова е на тапет по доделените спорни грантови кои наидоа на осуда во јавноста, иако и таа излезе со свои аргументи да ги образложи. Владата во моментов бара од Управниот одбор на Агенцијата да ја разреши.

„Побарав да се направи целосна анализа за вкупните приходи, расходи, средства доделени од ЕУ. Констатирано е дека агенцијата располага со 13 сметки и во суштина од Буџетот за 2019 година добила некаде околу 359 илјади евра. Врз овие пари ДЗР има мандат да изврши ревизија. Но, оние средства кои беа посочени од Еразмус+ го обезбедивме изворниот договор склучен помеѓу агенцијата и ЕК. Во тој договор јасно пишува кој има мандат да прави ревизија, односно тоа е Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ или Европскиот суд за ревизија. Во еден од параграфите на тој договор пишува „или некоја друга институција доколку ЕУ пренесе мандат“. Во овој случај, ако ЕК пренесе мандат и право да извршиме ревизија ние со задоволство би го направиле тоа. Меѓутоа во услови каде имаме ограничување на мандатот и каде јасно пишува кој може да врши ревизија врз тие средства ние не можеме да извршиме равизија без разлика дали некој не прозива“, рече Ацевски синожа во студиото на Алсат ТВ.

Според него, 359 илјади евра од Буџетот се незначителни во споредба со 6,3 милиони евра доделени како грант од ЕК.

Работењето на АД ЕСМ не било под државна ревизија веќе девет години, а Ацевски најави дека следната недела тоа прашање же биде разгледано кога ќе се одредуваат приоритетите за ревизија во следниот период.

„Секако дека е нелогично меѓутоа затоа еве, можам да кажам дека за некаде една недела во рамките на Државниот завод за ревизија ќе биде донесена одлука за одредување на стратешки приоритети коишто ќе бидат предмет на ревизија во наредниот период. Поаѓајќи од тие стратешки цели се надевам дека АД ЕСМ ќе биде предмет на ревиизија, односно ќе биде предвидено со годишната програма за 2021 година“, рече главниот државен ревизор.


Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?