25 Април, 2024
0.0307

АД ЕЛЕМ ветува соработка за поднесените кривични пријави

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

По поднесените кривични пријави против ЕЛЕМ и неколку поранешни и актуелни директори во РЕК Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“, од АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), излегоа со соопштение дека се става на располагање на сите државни институции во интерес на спроведување на потребните процедури и утврдување на фактичката состојба.

„Во врска со кривичните пријави поднесени денеска од СВР Битола, АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека се става на располагање на сите државни институции во интерес на спроведување на потребните процедури и утврдување на фактичката состојба.

Во однос на делото за кое се однесуваат пријавите, потенцираме дека новото раководство на АД ЕЛЕМ презема мерки во насока на заштита на животната средина и сите активности се во насока на производство на електрична енергија со што помало влијание на околината. Во 2017 година новото раководство почна постапка за набавка на опрема за стандардизирање на отпепелувањето, која ќе спречи отпадната пепел да се шири во околината.
За 2018 година предвидени се средства за набавка на електростатски филтри кои ќе спречат емисија на штетни материи во воздухот.

Во врска со информацијата од СВР Битола напоменуваме и дека од наведените физички лица-функционери во РЕК Битола, во моментов само едно лице се води како актуелен раководител, односно станува збор за раководител кој е на таа позиција подолго време и не е дел од новите назначувања кои се случија во комбинатот минатиот месец“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот