21 Септември, 2021
0.0190

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани

Објавено во: Економија 14 Септември, 2021

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на енергетскиот форум МЕФ 2021.

,,Над 70 отсто од нашето производството во моментов доаѓа од јаглен, и тоа за нас е голем императив да спроведеме брза енергетска транзиција, но која мора да биде и праведна, односно вработените да останат во компанијата со работни задачи соодветни на промената во производството. Работиме на ширење на нашето производно портфолио, пред се во делот на обновливите извори на енергија, изјави директорот Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека фотонапонските електрани ќе се градат во еден дел како сопствени инвестиции на АД ЕСМ, а во еден дел како јавно-приватно партнерство.

Покерај производните капацитети од ветер и сонце, беше нагласено и значењето на поседувањето што почисти производни капацитети за базна, балансна енергија, за што беа наведени планираната гасна електрана во РЕК Битола, проширување на гасната електрана Енергетика во Скопје, планот за пренамена на ТЕЦ Неготино во електрана на гас и изградбата на големата хидроелектрана Чебрен.

За Чебрен до крајот на годината се очекува првичен договор кој би бил основа за јавно-приватно партнерство со една од 9-те квалификувани компании кои аплицираа на јавниот повик да бидат партнери на АД ЕСМ за изградба на овој капитален проект.


Можеби ќе ве интересира

ПОПИШАНИ НАД МИЛИОН ГРАЃАНИ: Еве колкумина се попишале од странство

ПОПИШАНИ НАД МИЛИОН ГРАЃАНИ: Еве колкумина се попишале од странство

ОД ДЕНЕС ДИЗЕЛОТ СЕ ТОЧИ ПО ПОЕВТИНА ЦЕНА а еве колку ќе се плаќа за бензин

ОД ДЕНЕС ДИЗЕЛОТ СЕ ТОЧИ ПО ПОЕВТИНА ЦЕНА а еве колку ќе се плаќа за бензин

Владата од 2022 размислува повторно да субвенционира нискобуџетни летови

Владата од 2022 размислува повторно да субвенционира нискобуџетни летови

МИСЛАТ ЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ - уште ништо не е извесно за недела неработен ден, се прават напори да се фати рокот

МИСЛАТ ЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ - уште ништо не е извесно за недела неработен ден, се прават напори да се фати рокот

Бугарите не доаѓаат во Делчево, локалната економија е во криза

Бугарите не доаѓаат во Делчево, локалната економија е во криза

Од Владата велат дека нема простор за поскапување на лебот

Од Владата велат дека нема простор за поскапување на лебот

Работа има, но фалат работници

Работа има, но фалат работници

Два клучни фактори ја креваат цената на нафтата во светот

Два клучни фактори ја креваат цената на нафтата во светот

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација

Заев го искоментира растот на цените и стравот од инфлација