29 Март, 2024
0.0260

АД ЕСМ го потпиша договорот за РЕК Осломеј од 80 милиони евра

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Сопствениците на турската „Фортис енеџи“ и бугарскиот „Солар Про“ денеска го потпишаа договорото со Владата и АД ЕСМ за јавно-приватно партнерство, откако го добија тендерот за трансформација на РЕК Осломеј во фотонапонска централа.

Проценката е дека двете компании ќе инвестираат 90 милиони евра во централата како дел од енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија. Премиерот Зоран Заев рече дека станува збор за голем проект од 100 мегавати.

Фотонапонската електрана ќе биде конципирана како две постројки од 50 мегавати. АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер, а директорот Васко Ковачевски рече дека македонската компанија не е должна да финансира ништо.

Според понудата, на ЕСМ ќе му припаднат 18,510 отсто од произведената електрична енергија, како што понудила „Фортим Енерџи Електрик“ и 18,010 отсто според понудата на „Соларпро холдинг“. Според Ковачевски, тоа би било 1,5 милиони евра годишно за АД ЕСМ.

- Станува збор за 35 години договор. Потоа приватниот партнер ќе го пренесе правото на сопственост на јавниот партнер во исправна оперативна погонска состојба. АД ЕСМ нема паричен влог, даваме само локација на стариот рудник, пристапен пат, комплетна анализа и балансирање на енергија како многу важна системска одлука. Приватните партнери се должни да склучат договори со 100 лица наши вработени за вршење на работи од стручната подготовка и квалификации, наведе Ковачевски.




Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат