29 Март, 2024
0.0257

АД ЕСМ: Рокот за набавка на јаглен е продолжен за да се подготват понудите на компаниите

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Рокот на јавниот повик е продолжен за три работни дена на барање на странски компании со цел да можат да доставаат соодветни и комплетни понуди, гласи објаснувањето на АД ЕСМ откако беше продолжен рокот за доставување на понудите за набавка на 1,2 милиони тони јаглен за излегување од енергетската криза.

„Во анимирање и поттикнување на компаниите од регионот да се јават на повикот вклучени се и Стопанската комора и Владата на Р. Северна Македонија. Планот на АД ЕСМ е да набави јаглен. Продолжува засилениот ископ на домашен јаглен, но за да можат во краток рок да се вклучат максималните капацитети на термоелектраните согласно моменталните потреби на стопанството за поевтина електрична енергија, потребно е да се набави јаглен и сметаме дека постапката успешно ќе се реализира“, гласи одговорот што го добивме од „Електрани на Северна Македонија“.

Државната компанија за производство на струја ЕСМ го продолжи рокот за достава на понуди за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола и на ТЕЦ Осломеј.

Денеска на веб страницата на државната компанија ЕСМ е објавена измена на тендерската документација со тоа што е продолжен рокот за доставување понуди од заинтересирани продавачи на јаглен. Имено рокот беше до денеска до пладне за кога беше и закажано отварање на понудите по што требаше да следи избор на понудувач. Сега рокот е продолжен за уште пет дена и отварањето на понудите ќе биде во понеделник на 18 октомври еден ден по завршување на првото гласање за локалните избори во земјава.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?