23 Април, 2024
0.0249

АД МЕПСО: Прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат хидроелектраните

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви кои не ни беа ставени на располагање од страна на АД ЕСМ.

АД МЕПСО немаше можност да изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа и напонска поддрша со ангажирање на хидроелектраните со кои нормално секоја година се обезбедуваат системските резерви неопходни за за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот систем.

Денеска  во 12 часот вкупното моментално производство на електрична енергија приклучено на преносната мрежа на АД МЕПСО изнесуваше околу 400 MW и тоа од термоцентралите ТЕ Битола 2 и ТЕ-ТО како и од ВЕЦ Богданци. Притоа во мрежата немаше ангажирано хидро производство, поради тоа што истото не беше предвидено од страна на АД ЕСМ во дневниот возен ред.

Ова значи дека не беше ставена на располагање  системската резерва, односно резервата за секундарна и терциерна регулација од хидроелектраните, кои се основна алатка за обезбедување на сигурна и стабилна работа на електроенергетскиот систем.

Согласно со предвиденото во дневниот возен ред со цел превентивни активности за подобро снабдување во претстојната зима согласно планот беа исклучени следните 110 kV далекуводи : ТС Ѓорче Петров – ТС Скопје 1 ( презатегање на фазни спроводници и промена на изолатори), ТС Скопје 4 – ТС Велес (промена на оштетени изолатори) и ТС Фенимак – ТС Дуброво ( испитување на релејна заштита).

Во 11:58h поради дефект испаѓа 110 kV далекувод ТС Скопје 4 – ТС Скопје 3 што предизвика пад на напоните во скопскиот регион на 110 kV страна, а посебно во ТС Скопје 3 до вредност од 75 kV и зголемен проток на електрична енергија преку далекуводот ТС Јегуновце – ТС Скопје3 .

Во 12:03h испаѓаат: 110 kV далекувод ТС Јегуновце – ТС Скопје3  и 110 kV далекувод ТС Сопотница – ТС Битола 1.  На далекуводот ТС „Јегуновце“ – ТС „Скопје3“ евидентиран е дефект на една фаза, за што испратена е далекуводна екипа да го санира дефектот.

Поради пад на напонот испаѓаат трансформаторите кои се во сопственост на ЕВН дистрибуција во ТС Запад и ТС Козле, при што потрошувачите кои се приклучени на овие трафостаници остануваат без напојување.

Со максимален ангажман на стручните екипи на АД МЕПСО во 12:07h вклучен е далекуводот ТС Скопје 4 – ТС Скопје 3 со што се подобруваат напонските прилики во регионот и се нормализираат тековите на моќност.

Според информација од ЕВН Дистрибуција, регулационите преклопки на трансформаторите  во ТС Запад и ТС Козле  останале заглавени во положба за максимална регулација на напон, поради што операторите од ЕВН Дистрибуција не биле во можност да ги вклучат истите. Пратени се екипи на ЕВН Дистрибуција рачно на лице место да ги ослободат регулационите преклопки во ТС Запад и ТС Козле. После интервенцијата, конзумните подрачја на ТС Запад и ТС Козле постепено се обезбедени со напојување со електрична енергија од страна на ЕВН Дистрибуција.

Сакаме да напоменеме дека вакви дефекти поради зимски услови за работа на елементите од електропреносната мрежа се случувале и ќе се случуваат.

Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Оливера Зуловиќ, авторка на романот „Прирачник за солиден живот“: Би сакала денес да има повеќе деца како Љубо и Љубица, кои ќе реагираат на неправдите!

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Халкбанк денеска го одбележува Светскиот ден на планетата Земја со две работилници на Школка во Градски парк

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена

Голема Велигденска акција – 90 дена патничко осигурување по цена за 30 дена