24 Април, 2024
0.0271

АД НЕР НАТРУПА ДРАМАТИЧЕН ДОЛГ ОД 83 МИЛИОНИ ЕВРА - како и зошто само за три месеци задолженоста му порасна за 60 милиони евра

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Акционерското друштво Национални енергетски ресурси, или скратено АД НЕР, изби на позицијата убедливо најголем должник во државава од јавниот сектор. Ова акционерско друштво во државна сопственост до крајот на минатата година натрупало неплатен долг од дури 83 милиони евра.

Фактор дојде до податоците кои Министерството за финансии ги објавува на крајот на секој квартал, а кои говорат за рапиден пораст на задолженоста на ова државно претпријатие.

Со долг од дури 83 милиони евра, АД МЕР за прв пат во историјата на земјава се искачува на прво место според задолженоста на листата на „неславни“ државни борчлии, преземајќи ја таа непосакувана позиција од досегашниот „вечен“ прв должник, МЖ „Транспорт“.

МЖ „Транспорт“ со години беше на прво место, но бројките за последниот квартрал покажуваат дека сега водечкото место го зазема АД НЕР.

Како што е познато, АД НЕР е акционерско друштво за вршење на енергетски дејности во државна сопственост, кое е формирано во 2010 година, со цел реализација на проектот за изградба и развој на националниот гасоводен систем во земјава, односно изградба на магистрални гасоводи за пренос на природен гас, како и интерконекции со преносните системи на соседните држави, или со меѓународните транзитни гасоводи.

АД НЕР и досега беше меѓу топ десетте државни борчлии, односно секогаш беше речиси најгоре на листата, но неговиот долг никогаш немаше достигнато толку високо ниво.

Или, на крајот на третиот квартал од годинава, што значи пред само три месеци, долгот на НЕР бил на ниво од 23 милиони евра. Ова значи дека за само три месеци задолженоста им пораснала за цели 60 милиони евра.

Што толку ја зголеми задолженоста на оваа државна компанија, за дури 60 милиони евра за три месеци, не е познато. Во отсуство на официјално објснување, претпоставка е дека во тој пораст на долгот влегува заемот од близу 30 милиони евра од Европската инвестициона банка, кој го зема токму АД НЕР, а за него гарантира државата, за што беше изгласан и Закон во Собранието во декември минатата година. Овој заем од 28,9 милиони евра се зема за изградба на Интерконекторот за гас од Грција, со кој ќе се овозможи земјава да се снабдува од повеќе различни извори со гасот како исклучително значаен енергенс.

Како што веќе пишувавме, АД НЕР и ДЕСФА Атина веќе потпишале Договор за соработка, со кој двете страни се обврзале навремено да го изградат Интерконекторот, секој на територијата на својата држава. Целиот овој проект од наша страна треба да го спроведува токму АД НЕР.

Инаку, вкупната инвестициона вредност на Интерконекторот ќе биде 57,8 милиони евра. Практично, целата финансиска конструкција ќе се затвори на следниов начин - 28,9 милиони евра ќе се добијат од заем од Европската инвестициона банка, 16,5 милиони евра ќе се бара уште еден заем - од Европската банка за обнова и развој, а 12,4 милиони евра  се добиени од ВБИФ инвестицискиот грант.

А МЖ „Транспорт“, иако на крајот на четвртиот квартал лани се симнале на второ место на листата на државни борчлии, не значи дека им е подобрена состојбата со задолженоста, напротив, само имаат среќа што АД НЕР натрупала многу поголем долг од нивниот. Или, ова јавно претпријатие на крајот на 2021 година има долг од дури 65 милиони евра, што е за четири милиони евра повќе од три месеци претходно.

Општина Тетово никако да го намали својот долг, таа на крајот на минатата година завршила со борч од 13,6 милиони евра и била трета, или имала еден и пол милиони повеќе од претходниот квартал, кога била на четвртата позиција.

Четврти државен должник на најновата листа на МФ е ЈП Колекторски систем Скопје чија задолженост изнесувала 8,6 милиони евра и е со мало зголемување во однос на претходниот квартал.

Петта на листата е општина Охрид, исто така долгогодишен голем должник, со борч сега искачен на 8,5 милиони евра, што е значаен раст во однос на претходните 6,7 милиони евра во претходниот квартал кога била на седмо место.

Следува на шесто место ЈП Водовод Куманово со долг од 8,1 милиони евра, па по нив е ЈП Водовод и канализација Скопје, со борч од 7,4 милиони евра.

А, на осмо место, односно во врвната должничка десетка, повторно доаѓа АД ЕСМ, односно државните електрани на земјава. Ова АД во државна сопственост повторно се искачи на висока позиција според својата задолженост, откако на ова место беше и во вториот квартал, а потоа ги подмири обврските. На крајот на третиот квартал ид годинава АД ЕСМ имало долг од само 1,4 милиони евра, и било на 42 место на листата на државни долници, додека за три месеци потоа тој долг се искачува на дури 7,3 милиони евра, со што компанијата доаѓа на неславното осмо место според задолженоста.

Многу помал долг од 1,43 милиони евра пред три месеци имала и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, но на крајот на минатата година го натрупала до 6,4 милиони евра, и така избила на позицијата деветти најголем државен должник во земјава.

На десеттото место пак е општина Гостивар, со долг од шест милиони евра, или нешто повисок во однос на претходниот квартал.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска