28 Март, 2024
0.0264

Адеми: Нападот на Собранието е неразумен и недемократски чин

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Во пишана изјава за медиумите, вицепремиерот за  евроинтеграции Арбр Адеми  нападот во Собранието го опишува како неразумен и недемократски чин .

Според него нападот на Собранието е неразумен и недемократски чин и порачува дека дијалогот, разумот и компромисот се основните столбови на кои почива демократијата.

„Нападот на Собранието на Репубика Македонија на 28 април, или нападот на темелот на нашата државност, сметам дека е непримерен, нечовечки и крајно деструктивен и може слободно да се окарактеризира како неразумен и недемократски чин. Чин што остава длабоки траги врз нашата држава и нејзините институции, но и лузни во сеќавањата на сите директни сведоци, како и оние кои ги следеа овие драматичкни настани, се вели во изјавата на Адеми.

Варварското однесување на поединци, атакот врз слободата и демократските принципи и процедури, па дури и врз животите на поединци, се додава, е атак на сите нас.

„Силно се солидаризирам и сочувтвувам со сите повредени и им посакувам брзо заздравување. Моментите се такви да бараат смиреност, трезвеност и ладни глави. Македонија и сите ние заедно, живееме историски моменти кога се потребни и неопходни историски одлуки. Не брзоплети и не било какви одлуки, туку вистински одлуки. Одлуки кои ќе обезбедат сигурност за сите граѓани, одлуки кои ќе го вратат разумот и ќе ја отворат перспективата за надминување на ризиците со кои сме соочени“, се посочува во изјавата.

Адеми силно ја поздравиреакцијата на нашите меѓународни стратешки партнери и пријатели.

„Тие ни го покажуваат единствениот пат за излез од оваа длабока криза. Патот е само преку почитување на демократските принципи, низ демократските институции и со целосна одговорност на сите политичари за сите преземни чекори и донесени одлуки. Сите сме исправени пред судот на историјата.Историјата е непогрешлив судија. Го поздравувам изборот на новиот Претседател на македонското Собрание и му посакувам успешна работа и разумни одлуки во смирена атмосфера. Ние како политичари и институциите со кои раководиме, сме должни да му ја дадеме неопходната подршка, се вели во изјавата од Адеми и се потенцира дека  евроатлантската ориентација и натаму останува стратешка цел.

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?