Адеми: Никогаш нема да прифатам попис со Албанците под 20 отсто
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021
Додека во Собранието е блокирано носењето на Законот за попис во јавнста нараснуваат дебатите за тоа какви резултати се очекуваат. Поранешниот министер за образование и актуелен пратеник на ДУИ Арбр Адеми вчера во емисија на ТВ 21 рече дека доколку Албанците се помалку од 20 проценти по спроведениот попис тогаш тој нема да ги признае резултатите.
Би прифатиле ли ако Албанците излезат 19 проценти, дали ќе ги прифатите резултатите од пописот - било прашањето
На ова Адеми одговорил:
19?! Никогаш, никогаш!
Адеми рече дека знае податоци оти бил министер за образование па изјави дека бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22 проценти, а 60.709 Албанци, односно 32.15 проценти.