Адеми: Сестра ми не беше примена на многу конкурси, сега конечно ја примија
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2019
Министерот за култура, Асаф Адеми, чија сестра Хидаете Алили од неодамна е вработена на работно место во АД ЕЛЕМ за 24 Вести изјави дека таа долго време чекала на нејзиното вработување.
Не гледа непотизам, а го оценува како скандал известувањето на новинарите за вработувања на функционерите во државни институции.
„Знаев дека е примена, дека аплицирала на многу конкурси, но не ја примија. Дека е примена на работа требаше да се направи хајка? Ова е скандал, да се најде поврзаност и да се креира скандал“ - изјави министерот за 24 Вести преку скајп врската.