„Адинг“ повторно ќе ги награди своите акционери! Колкава е дивидендата?
Објавено во: Економија 26 Април, 2023
Акцијата на „Адинг“ уште еднаш се покажа како фаворит од сенка во споредба со акцијата на многу поголемата компанија од градежната оператива. Затоа што акцијата на „Адинг“ носи принос од 4 отсто на последната пазарна цена. Со овој принос акцијата е многу конкурентна и на банкарските камати за депозити и штедни влогови. Особено затоа што „Адинг“ има беспрекорна и континуирана дивиденда историја
Скопската компанија „Адинг“, која е синоним во Југоисточна Европа за хемиски материјали во градежништвото, и годинава ќе ги награди своите акционери. Компанијата ги објави предлог одлуките за претстојното акционерско собрание на кое, меѓудругото, треба да се донесат и одлуки за распредела на добивката и за поделба на дивиденда.
Според предлогот, нето износот на дивиденда изнесува 29 денари за секоја акција со право на глас. Кога тој износ ќе се спореди со последната просечна пазарна цена излегува дека приносот на „Адинг“ е многу поконкурентен од банкарските денарски каматни стапки. Затоа што изнесува 4 отсто и тоа на последната цена која изнесувала 722 денари за акција.
Акцијата на „Адинг“ во македонската инвеститорска заедница уште еднаш се покажа како фаворит од сенка во споредба со многу поголемиот конкурент од градежната оператива. Зошто? Па затоа што пазарната цена на акцијата на „Адинг“ е речиси на половина од пазарната просечна цена на градежниот гигант додека и двете акции носат речиси иста дивиденда.
А и „Адинг“ може да се пофали дека води особена и континуирана грижа за своите акционери затоа што редовно дели дивиденда која е предвидлива затоа што во континуитет изнесува околу половина евро во нето износ за акција.
Колкава е добивката и како ќе ја распределат?
Добивката од работењето лани на „Адинг“ изнесува 398.500 евра. Над 40 отсто од добивката е наменета за исплата на дивиденда. Поточно 164.000 евра. „Адинг“ има четири акционери домашни физички лица кои поседуваат над 5 отсто акции и уште 280 мали акционери домашни физички лица. Најголем дел од овие 164.000 евра ќе останат во Македонија, а ќе ги поделат меѓусебе акционерите кои се домашни физички лица.
Како и секоја фирма која се води грижливо и домаќински така и менаџментот на „Адинг“ предлага акционерите најголем дел од добивката, поточно нешто над 200.000 евра да ја наменат за инвестиции.
Речиси 10.000 евра од добивката се наменети за награди на менаџерскиот тим, а за награди на вработени заслужни за проиводниот процес се наменети околу 24.000 евра. И ова е значаен аргумент кој наведува на заклучок дека „Адинг“ се грижи за своите вработени.
Производствената програма на „Адинг“ ја сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми со кои се соочува модерното градежништво. Повеќе од половината од роизводството на компанијата денес се пласира на надворешните пазари, па оттука и големиот број на референтни објекти на овие пазари каде се вградени производите и технологиите на „Адинг“.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.