20 Април, 2024
0.0279

„Адора Инженеринг“ согласна да ги продаде топланите по иста цена по која ги купи

Објавено во: Економија 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Адора Инженеринг“ која пред повеќе од една година ги купи топланите „Исток“ и „Запад“, сака да ги продаде по иста цена по која што ги купила. Во денешното соопштение од компанијата информираат дека на 18 август до нив е пристигнато барање од ЕСМ за доставување на понуда за продажба на имотот.

– Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора Инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме - се вели во соопштението.

„Адора Инженеринг“ на 1 септември минатата година на јавна лицитација за сума од 9,26 милиони евра со вклучени даноци ги купи топланите „Исток“ и „Запад“, коишто претставуваат основни средства за регулираното производство на топлинска енергија во градот Скопје, кои беа во стечајна постапка.

– Меѓутоа, од тогаш до денес, „Адора Инженеринг“ нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на „Топлификација“ АД во стечај и БЕГ, ниту апсолутно никаков надомест за користење на имотот од страна на БЕГ, поради што се нанесува огромна штета врз работењето на „Адора Инженеринг“. БЕГ одби регулирање на меѓусебните односи за користење на топланите, односно ги користи топланите бесправно. Оваа проблематика не беше, а можеше да биде регулирана преку деловно-техничката соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ која беше направена во јануари оваа година. Дополнително, топланите во изминатите неколку години се драстично обезвреднети поради фактот што износот за амортизација на опремата кој е определен и контролиран од РКЕ, и граѓаните го плаќаат со цел одржување на топланите во добра кондиција, речиси целосно не бил вложуван во изминатите неколку години, што нанесува директна штета, пред сè на квалитетот на дејноста и економската исплатливост во истата - велат од „Адора Инженеринг“.

Оттаму додаваат дека веруваат оти ќе најдат заедничко прифатливо решение со ЕСМ.

– За „Адора Инженеринг“ е потребно регулирање на досегашните долгови настанати во изминатата година по основ на принос на капитал и невложена амортизација со цел да пристапиме кон регулирање на идните односи - велат од компанијата. 

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има