27 Септември, 2024
0.1533

„АДОРА“ НА ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ КУПИ УШТЕ 49 ИЛЈАДИ АКЦИИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА - сега „држи“ 15 отсто од банката

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Ванчо Чифлиганец преку неговата „Адора инжинеринг“ продолжува да купува акции од Комерцијална банка и со тоа го засилува своето бизнис упориште во една системски најзначајна бана во земјава.

Адора и вчера купила акции од Комерцијална банка, со што дефинитивно неговата компанија сега поседува близу 15 отсто од акциите на најголемата и најмоќната банка во земјава.

Во својата ценовно чувствителна информација до Берзата Комерцијална банка извстува дека Адора купила акции преку системска блок трансакција, и кажува колку акции се купени. Цената по акција во блокот е 8. 750 денари.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт - Импорт Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 48.837 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. 

Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 341.860 обични акции, односно има учество од 14,9999 отсто во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во ценовно чувствителната информација од Берзата. 

Инаку, на редовното тргување една акција на Комерцијална банка вчера се продавала по цена од 8.750 денари.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ЕСМ назначи нова тура директори

ЕСМ назначи нова тура директори

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела