19 Април, 2024
0.3605

АДСДП: Фирмата на братот на Мукоски понуди најниска цена

Објавено во: Економија 14 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Фирмата „Атриум“ е избрана во транспарентна постапка, согласно законот за јавни набавки, велат од АДСДП во реакција до медиумите. „Атриум“ е  фирма на Бобан, братот на пратеникот Крсто Мукоски. Последниот тендер вреди над 680.000 евра, а од 2015 година до сега ова е четврти тендер од АДСДП што го добива фирмата „Атриум“, а нивната вкупна вредност е 3,5 милиони евра

„Во целата постапка  доследно и во целост е испочитувана постоечката законска регулатива. Фирмата е избрана во транспарентна постапка, согласно законот за јавни набавки. Според критериумите во тендерската документација и огласот за јавна набавка понуди поднесоа 4 економски оператори. На евалуацијата спроведена од страна на Комисијата за јавни набавки беше утврдено дека прифатливи понуди имаат двајца понудувачи кои беа поканети да учествуваат на електронска аукција. Со оглед дека критериум за доделување  на договор за  јавна набавка е најниска цена, по спроведената електронска  аукција најниската понудена цена беше од фирмата „Атриум“, велат од Акционерското друштво за стопанисување со стабен и деловен простор.

Додаваат дека претходното работење на Атриум и извршувањето на неговите договорни обврски со АДСДП е предмет на предистражни дејства на надлежни државни институции. 

„На денот на  јавното отворање на тендерот, за оваа фирма немаше објавено негативна референца на електронскиот систем за јавни набавки, што значи дека немаше законска пречка оваа фирма да учествува на тендери за јавни набавки. Секое постапување спротивно на важечката законска регулатива, односно евентуално отфрлање на понуда без законска основа е спротивно на законот за јавни набавки повлекува санкции, велат оттаму.  


Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји