Адвокатот и експерт за урбанизам Илија Илијовски: Определен ДУП не може да се суспендира
Објавено во: Македонија 17 Април, 2021
Адвокатот и еден од најголемите експерти за урбанизам Илија Илијовски побара од јавноста да не врѓи притисок врз градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, бидејќи како што вели тој за случајот со проектот кај „Холидеј ин“, определен ДУП не може да се суспендира или да се поништи.
„Тотално непознавање на закони и процедури. Некој како да сака смислено да останеме во мочуриштето од лажни вести и глупости кои се тресат околу изградбата на мега проектот за Скопски Менхетен. Разберете веќе еднаш, согласно Закон за просторно и урбанистичко планирање, определен ДУП не може да се суспендира, стави вон сила или поништи.
Тој што го донел, а во случајов општината, може само да го замени со нов ДУП или да го измени постоечкиот ДУП, за што исто така има законска процедура. Актуелниот ДУП за локалитет Ц 08, како и актуелниот ГУП во кој овој ДУП е целосно вклопен, се донесени во законски предвидени и пред се транспарентни постапки. Така би се носеле и евентуалните нивни измени“, искоментира експертот на Фејсбук.
Илијовски вели дека актуелните барања кои пристигнуваат на адреса но Богдановиќ се притисоци кои можат да доведат до кршење на законот.