16 Март, 2025
0.0317

АДВОКАТОТ И РОДИТЕЛИТЕ НА ВАСО ЈОВАНОВ ОТКАЖАЛЕ ГОСТУВАЊЕ ВО ЕМИСИЈА - премногу се истоштени од сите случувања, не сакаат додатно распламтување на гнев

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2025 14:21

Добивај вести на Viber

Сашо Дуковски, адвокат на Васо Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулавкова, возејќи без возачка дозвола, со голема брзина и под дејство на алкохол, откажал свој претходно планиран и најавен јавен настап, односно гостување во емисијата Претрес, и тоа на барање на родителите на Васо. 
По вчерашната објавена најава за гостувањето на адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов, тој нѐ извести дека го откажува неговиот јавен настап. По барање од родителите бидејќи сметаат дека е доволно кажано на прес-конференција“, им кажал адвокатот на редакцијата „Претрес“. 
Натаму, оттаму додаваат дека за гостување на емисијата било покането и семејството на Васил, по бурните реакции на јавноста поради тврдењето дека Васил Јованов е променет по пресудата за дрогата, а сепак, пак возел пијан и без возачка. Се заблагодариле на укажаната можност и ја одбиле поканата.

„Во овој момент сме премногу истоштени од сите случувања на кои сведочите периодов, така што искрено немаме сила и енергија за појавување во јавност и дополнително распламтување на ниски страсти и гнев наоколу, барем во овој момент“, ги известила мајката.

На ова од претрес пишуваат.

„За овој случај има низа отворени прашања, а поврзани со личноста на Васил Јованов, поврзани со објавени невистини, но и со прикриени информации. Кој е Васил, колку точно прекршоци има направено, ќе признае ли вина, има ли каење, потребата од телефон и кој го платил.. Ова се само дел од прашањата поврзани со возачот.. Но има и за родителите.. Ќе остане неодговорено, како жалат за несреќата, а истовремено пред медиумите тргнаа да објават аматерско видео каде се гледа и телото на загинатата Фросина. Секако, ќе ги отворевме и темите за пласираните лаги поврзани со личноста на возачот, за кои точни информации ќе побаравме од нив“, пишуваат од Претрес во нивната фејсбук објава.

Можеби ќе ве интересира

„БИДЕТЕ СПОКОЈНИ, ЌЕ ДОЗНАЕТЕ ОД КАДЕ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ КРЕДИТ“ – Задолжување од уште 500.000 евра најави Мицкоски

„БИДЕТЕ СПОКОЈНИ, ЌЕ ДОЗНАЕТЕ ОД КАДЕ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ КРЕДИТ“ – Задолжување од уште 500.000 евра најави Мицкоски

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО МАВРОВСКОТО ЕЗЕРО – СПАСЕНИ ДВЕ МОМЧИЊА: Им се превртел чамецот

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО МАВРОВСКОТО ЕЗЕРО – СПАСЕНИ ДВЕ МОМЧИЊА: Им се превртел чамецот

ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕДНАА НА КАФЕ – ИМААТ АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ: Градоначалникот на Кисела Вода во друштво на министерот Александар Николовски

ПРИЈАТЕЛИТЕ СЕДНАА НА КАФЕ – ИМААТ АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ: Градоначалникот на Кисела Вода во друштво на министерот Александар Николовски

НЕМА ПОКАЧУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК, ОСТАНУВА 140 ДЕНАРИ: Ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти

НЕМА ПОКАЧУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК, ОСТАНУВА 140 ДЕНАРИ: Ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти

А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор