29 Март, 2024
0.0283

Адвокатот кој демантираше дека го спасува Груевски се жали за скратување на правата

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Се одложи судењето за случајот Т.Н.Т поради инсистирањето на адвокатот Мерџан Даути да му преведе сè што било кажано од обвинителот, сведоците, одбраната досега за овие 2 години, сите материјални докази на албански јазик а затоа и доби дисциплинска постапка.

Судијата Огнен Ставрев вели дека станува збор за одолговлечување на овој предмет и најави дисциплинска постапка за адвокатот.

Ставрев посочи дека ја известил адвокатската комора од каде добил известување дека за тоа ќе се поведе дисциплинска мерка против двајцата адвокати, едниот кој го откажал полномошното и другиот кој бара превод на документите. 

Адвокатот Даути пак обвинува дека со ова му се скратени правата кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.

Адвокатот Мерџан Даути, неодамна назначен за адвокат на една од обвинетите во случајот „ТНТ“ (Елисавета Најдовска) за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски, во кој обвинет е и Никола Груевски, демантира дека не знае македонски, но потврди дека бара сите материјали од двегодишното судење да му бидат преведени на албански, повикувајќи се на Законот за употреба на јазици. Неодамна „САКАМДАКАЖАМ.мк“ го посочи назначувањето на Даути и неговото барање како „финта“ на експремиерот во бегcтво – Груевски , со цел да му застари делото. 

Според порталот, преведувањето на сите материјали би одземало повеќе од 6 месеци, период во кој 90 дена ќе нема судење, што значи истото ќе треба да почне отпочеток, што автоматски значи опacност од застарување на делата.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница