28 Март, 2024
0.1123

Доктори за пример: Успешни операциите кај две деца со сериозни срцеви аномалии во „Аџибадем Систина“

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Уште две успешни кардиохируршки интервенции неделава беа извршени кај двомесечно бебе и дете старо една година и осум месеци на Одделот за детска кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Кај двомесечното бебе кај кое постои тешка пулмонална хипертензија и отсуство на еден бубрег е затворен дуктус артериозус, додека кај 1,8-годишното дете кое било родено со срцева мана ова е втора операција, откако на возраст од само три недели му била направена палијативна хируршка интервенција на срцето со цел да порасне доволно и да биде подготвено да се направи комплетна хируршка корекција на срцето, по што неделава на Одделот за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ му беше извршен целосен оперативен третман на вродена срцева манатетралогија фалот. И двете операции се покриени од државниот Фонд за здравствено осигурување и беа извршени со консултативна поддршка на исклучителни професионалци, специјалисти од болниците на „Аџибадем“ од Истанбул.

Претходно во болницата „Аџибадем Систина“ беа оперирани и бебиња на девет и 11-месечна возраст. Операциите ги надгледуваше проф.д-р Тајар Сариоглу, детски кардиохирург од болницата „Аџибадем Бакаркој“ од Истанбул, кој е пионер на детската кардиохирургија во Турција.


„Пред две недели веќе направивме две големи операции на отворено срце кај деца во ‘Аџибадем Систина’. Докторите од Турција се само поддршка на тамошните лекари и ние само ги надгледуваме операциите. Нив ги изведуваат тамошните лекари, кои се многу добро обучени и кои се специјалисти во оваа област. Болницата е многу добро опремена за извршување кардиохируршки интервенции и поседува најсовремена опрема“, сподели проф.д-р Тајар Сариоглу пред македонските новинари кои беа во посета на болниците на „Аџибадем“ во Истанбул.

Потребата за отворање оддел за детска кардиохирургија во „Аџибадем Систина“ во Скопје, посочува докторот, произлегува од големиот број пациенти од Балканот кои доаѓале за срцеви интервенции во болниците на „Аџибадем“ во Турција и планот е да прерасне во регионален центар за детска кардиохирургија и во иднина да се извршуваат сите видови хируршки интервенции кај деца, а дотогаш најкомплексните операции ќе се препраќаат во болниците на „Аџибадем“ во Турција. Во овие болници на годишно ниво се извршуваат околу 600 операции, над 95% од нив се успешни. Најчести се вродените срцеви аномалии, а од голема важност, како што потенцира проф. д-р Сариоглу, е тие да бидат направени во првите три месеци по раѓањето. Потенцира дека поради специфичноста на детската кардиохирургија, операции кај деца смее да извршува само детски кардиохирург.

„Детската кардиохиргија е многу специфична гранка.Разликата помеѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Во никој случај не смее кардиохирург за возрасни да оперира деца. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас, и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохиругија “, објаснува Тајар Сариоглу.

Тим од десетина специјалисти кардиохирурзи, кардиолози, сестри, анестезиолози, перфузионисти со над 20-годишно искуство зад себе ќе им бидат на располагање на македонските лекари од Одделот за детска кардиохирургија. Зад себе имаат повеќе од 15.000 операции.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија