29 Март, 2024
0.0264

Аџибадем Систина најавува кривични пријави за шпекулациите околу тестовите

Објавено во: Македонија 04 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Клиничката болница Аџибадем Систина е дел од втората најголема групациjа на болници во светот (IHH) и е првата болница која во земјата ја доби престижната акредитација за квалитет Joint Commission International (JCI) во 2016 година, а во текот на минатата година доби и потврда, односно реакредитација на златниот печат кој гарантира безбедност и сигурност за пациентите и вработените, информираат денеска од болницата. Додаваат дека оваа најпрестижна болничка акредитација е потврда за високопрофесионална здравствена услуга за пациентите проследена со потврдено квалитетна опрема, технологија и кадар. Велат дека сето ова за нив значи одговорност за нивото на услуги кои им ги даваат на пациентите.

Во таа насока, во врска со сите шпекулации и дезинформации кои одредени медиуми ги предизвикаа и ги шират во јавноста во врска со брзите COVID- 19 IgG-IgM Rapid тестови кои покрај ПЦР (PCR) тестовите се користат во Аџибадем Систина уште еднаш даваме наше појаснување. COVID- 19 IgG-IgM Rapid тестовите се набавени од холандска компанија со која имаме ексклузивен договор за соработка. Оваа компанија е ексклузивен дистрибутер на овој бренд на тестови кои ги произведува друга компанија, исто така од Холандија. Овие тестови за производство и употреба се одобрени од холандската влада, а КБ Аџибадем Систина има и директна потврда дека конкретниот бренд на тестови помеѓу другите земји, потврда за професионална употреба има добиено и во Велика Британија и Саудиска Арабија кои важат за земји со исклучително ограничувачки и претпазливи регулативи во здравствениот систем, стои во соопштението.

Според објавата, употребата на брзите тестови е потврдена и препорачана и од FDA - Американската Асоцијација за примена на храна и лекови која сигнализирше дека федералните регулатори се целосно задоволни со податоците за резултатите на тестот , а се поголем е бројот на земји кои се одлучуваат за користење на овие тестови како најбрзо и едноставно решение за проверка на имунолошкиот статус на населението, а преку тоа проверка дека лицата биле во контакт со вирусната инфекција, а со цел побрзо враќање во редовното функционирање.

Највлијателниот медицински англиски магазин исто така пренесува за екстремно зголемената побарувачка на овие брзи тестови од страна на министерствата за здравство и други владини органи во земјите зафатени со пандемијата на вирусот Ковид-19 https://bit.ly/2V0JF0r

Како дополнување, во прилог и неколку линкови од активностите поврзани со овие брзи тестови кои земјите зафатени од пандемијата ги преземаат.

САД https://nyti.ms/348xAum

Велика Британија  https://bit.ly/2wdBK7H

Сингапур https://bit.ly/348frgp

Бугарија https://bit.ly/2JDzcD1

Франција https://bit.ly/2xM6hdd

Украина https://bit.ly/3dS9EzS

„Аџибадем Систина, како сериозна здравствена институција, со сериозна светска акредитација од самиот почеток ги објасни и јавно ги приложи сите детали во врска со овие тестови на граѓаните и понатаму нема никаква намера дополнително да дебатира со одредени платеници со дискутабилен кредибилитет за она кое го одработуваат.

Сметајќи дека дури и ним им е објаснето и приложено повеќе и од она кое го бараа на самиот почеток, КБ Аџибадем Систина до конкретните лица ќе поднесе кривична пријава за загрозување на јавното здравје преку невистинитите информации кои ги пласираат во јавноста и ширење на паника преку изнесување на лажни вести. Кон кривичната пријава ќе се приклучи и холандската компанија од која се набавени овие тестови, стои во известувањето од КБ Аџибадем Систина.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница