20 Април, 2024
0.0266

„Аџибадем Систина“ со „Возврати силно“: Дебата за машкото здравје во касарната Илинден

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во ноември, месецот посветен на машкото здравје, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ продолжи со серијата едукативни работилници, дел од кампањата „Возврати силно“, на кои се дебатира за повеќе теми, за проблемите со кои можe да се соочи машката популација. Последната работилница беше одржана во касарната Илинден во соработка со Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.


Оваа средба е дел од активноста на „Аџибадем Систина” со која низ дебати во домашни институции и компании се прави обид кон зголемување на свесноста на населението за грижата за сопственото здравје. На средбата во касарната Илинден присуствуваше тим искусни специјалисти од болницата кои одговараа на сите прашања и дилеми на припадниците на армијата. Д-р Даниел Петровски, уролог, д-р Иван Трајков, кардиолог, и д-р Владимир Ортаков, психијатар, дебатираа со присутните за канцерот на простата и мочен меур, за еректилна дисфункција, но и за кардиолошкото здравје. Се потенцираше потребата од редовни прегледи, но и посветеност на менталното здравје, соочување со анксиозноста, како да се препознае депресијата, има ли и кои се можностите за превенција, кои се опциите за лекување.

Во земјава за жал,  во пораст се малигните заболувања, а дел од нив засегаат и одредена возрасна група од мажите.


Серијата работилници почнаа во октомври кога се одржаа повеќе работилници посветени на женското здравје, а „Аџибадем Систина” како општествено одговорна компанија продолжи со овие едукативни средби и овој месец, односно во ноември, месецот на машкото здравје.

Докторите, сепак, истакнуваат дека симболичните активности не значат дека грижата треба да е само во овие месеци. Популацијата мора да води грижа за здравјето во текот на целата година. Инаку, „Аџибадем Систина” има најсовремена опрема за детекција и дијагностицирање, но и лекување на болестите.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга