АФЕТАМИНИ, МАРИХУАНА И ТРАГИ ОД КОКАИН ВО ПЕТ ШОП: Скопјанец ги продавал во продавницата за миленици

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2023
Јавен обвинител
од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна
постапка против 32-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека
сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични
дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот
законик.
-На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба. Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол, информира обвинителството.
Посочува и дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка со оглед на опасноста осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOVМожеби ќе ве интересира
ВЕЧЕРВА СМЕ ДРАМАТИЧНО ЗАГАДЕНИ - Скопје е петти најзагаден град во светот, еве кои се пред нас на неславната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот
Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете

„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ

Разбојници упаднале во продавница да крадат, но си заминале со празни раце

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого

НЕМА ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР: Пратениците изгласаа амнестија за прекршителите на Ковид протоколите
