19 Април, 2024
0.0267

АФПЗРР: Привршува рокот за поднесување на е- барања за субвенции

Објавено во: Агробизнис 27 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува  сите корисници на субвенции дека рокот за поднесување на барања за добивање на финансиската поддршка е при крај. Барањата ќе може да ги поднесуваат уште три дена, односно до понеделник 1- ви јулии 2019 година.

До овој рок, земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба од помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15- ти март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.

Одгледувачите на добиток пред поднесување на барањето задолжително треба да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор и Ахенцијата за храна и ветеринарство.

Сите корисници на оваа финансика поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари