29 Март, 2024
0.0267

АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ: Го поддржуваме објективното новинарство и ЗНМ

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Од Агенцијата за филм  денеска упатија поддршка до Здружението на новинари (ЗНМ) за заложбата за објективното новинарство и за сите издржани, истражувачки стории.

Велат  дека Агенцијата за филм ќе остане доследна во заложбите за транспарентно, правно и праведно работење и секако информирање на јавноста, кое го прави на редовна основа.

„Но, она на што остро ќе се спротивставиме се нарачани медиумски хајки каде позадината е личен или финансиски интерес. Бевме сведоци на негативна медиумска кампања каде се искривуваат фактите и при тоа се потенцира дека Антикорупциската Комисија води постапка, по пријава на Милчо Манчевски, што апсолутно ништо не докажува за работењето на Агенцијата за филм дека се коси со било кој закон. Но, тоа манипулативно се пласира во јавноста, со цел да се остави валкана дамка. Медиумската хајка е препознаена и од страна на сите филмски работници, кои преку свое соопштение го препознаа и интересот и целта зад неа, а се поврзани со тековниот конкурс на Агенцијата за филм. Сите факти ќе бидат презентирани после 15 јули, со цел да се избегнат било какви политички конотации во овие предизборни денови. Филмот во нашата земја живее нов бран, и со разбирање на Вас медиумите тоа допре до широката јавност каде застанавме горди зад нашите автори и се надеваме и во иднина ќе им ја дадеме сета поддршка што ја заслужуваат“, реагираат од оваа институција. 

Објаснуваат дека во 2019 и 2020 година, добиени се над 65 филмски награди кои пристигнуваат речиси секој ден, учествувано е на повеќе од 170 филмски фестивали како Берлинале, Санденс, Кан и други, и македонскиот филм се закити со две номинации за Оскар со што испишавме историја во македонската кинематографија.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) претходно ги осуди грубите дисквалификации кон новинарката Марина Костова и онлајн медиумот СДК.мк искажани во вчерашното соопштение за медиуми, од страна на Агенцијата за филм, насловено како: „Дали во новата милионска драма на Милчо Манчевски главните улоги ги толкуваат Марина Костова, Тања Пепељуговска И Слаѓана Тасев?“.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница