28 Март, 2024
0.0313

АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО УВЕРУВА: Одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка нема да влијае на стабилноста на осигурителниот пазар

Објавено во: Финансии 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во врска со објавената вест дека НБРСМ ја одзела дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу горе споменатата банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста врз работењето на осигурителните компании.

Фактите велат:

Според последните податоци, вкупната актива на осигурителниот сектор изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот. Само четири друштва за осигурување имаат парични средства и депозити во Еуростандард банка, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1 отсто од вкупната вредност на активата на осигурителниот сектор.

Средствата кои осигурениците ги уплатиле по основ на премии во друштва за осигурување се вложени во инструменти и пласмани почитувајќи ги принципите на диверзификација и нивната вредност на 30.6.2020 година изнесува 14.742.452.987 денари. Во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се наоѓаат 4.691.078.198 денари што е околу 32 отсто од вкупната вредност на сите вложувања кои друштвата за осигурување ги направиле од средствата на осигурениците. Од овој износ, во Еуростандард банка на 30.6.2020 се наоѓаат пласмани на две друштва за осигурување во вкупен износ од 24.446.041 денари, што претставува 0,5 отсто од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки.

Вкупната вредност на средствата со кои располагаат друштвата за осигурување, а се од други извори, односно капитал и останати обврски, изнесува 11.645.170.177 денари. Од нив, во депозити во банки и парични средства на сметки во банки се1.485.690.994 денари, или скоро 13 отсто. Од овој износ, 6.624.875 денари се вложени од страна на две друштва за осигурување во Еуростандард банка, што претставува 0,4 отсто од вкупната вредност на вложувањата во депозити во банки и парични средства на сметки во банки.

Во текот на 2019 година, АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје доби нов сопственик, односно австриската осигурителна група ГРАВЕ од Грац ги купи сите акции издадени од ова друштво за осигурување од претходниот сопственик, кој е сопственик на банката. Оттука, ова друштво за осигурување не е во сопственичка поврзаност со банката, и не постои ризик од пренесување на обврските од банката на друштвото за осигурување.

Заклучокот што се добива од изнесените факти ја потврдува констатацијата дека не постои никаков ризик дека отворањето на стечајна постапка на Еуростандард банка ќе влијае на исполнувањето на обврските на друштвата за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување ниту пак ќе се одрази суштински на профитабилноста и солвентноста на друштвата за осигурување.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка