19 Април, 2024
0.0264

АГИМ НУХИУ ГИ УЖИВА НЕКОЛКУТЕ ДЕНА КАКО ПРВ ЧОВЕК НА МВР - ќе биде на тоа место до формирањето на новата влада

Објавено во: Македонија 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Агим Нухиу ги живее неколкуте недели што ги има на располагање на функцијата министер за внатрешни работи. 

Денеска тој имал официјална средба во Министерството за внатрешни работи со директорот на регионалниот центар за бегалци. 

„Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, д-р Агим Нухиу, одржа работна средба со Директорот на Региналниот центар  МАРРИ,  Сашко Коцев. На средбата беше потврдена соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци - МАРРИ  во областа на миграциите, азилот и бегалците, интегрираното  гранично управување, визната политика и конзуларна соработка кои според министерот Нухиу, претставуваат важен елементи во работата на Министерството“, се вели во соопштението од МВР. 

Министерот за внатрешни работи, д-р Нухиу, велат од Министерството, особено се осврнал на областа на криумчарење  мигранти која е тесно поврзана со криминалната област трговија со луѓе, особено жени. 

„Во таа насока, изрази надеж дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со МАРРИ ќе ја продлабочат соработката со примена на нови иницијативи за борба против трговијата со луѓе и криумчарење на мигранти“, информира МВР.

Како што е познато, на позицијата технички министер за внатрешни работи, согласно законските прописи за техничка влада, беше Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, но неговата функција заврши откако Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од последните парламентарни избори во земјава, по што тој го напушти министерството и се врати на неговото претходно работно место, во Агенцијата за разузнавање. Тоа се случи на 25 јули годинава, така што Нухиу веќе десетина дена е на позицијата прв човек на МВР. 

Нухиу на позицијата министер за внатрешни работи ќе биде се до формирањето на новата влада, а според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тој процес треба да заврши најдоцна за десетина до 15 дена. 

Заев веќе почна преговори за обезбедување на новото парламентарно мнозинство. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?