16 Април, 2024
0.0347

Агонија на вработените во државното Водостопанство: Плати ќе има ако Заев пушти со ребалансот

Објавено во: Економија 04 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Владата планира да инјектира 90 милиони денари во државното претријатие АД Водостопанство. Ветување дека парите ќе им бидат доделени директорот Илми Селами добил лично од премиерот Зоран Заев кој го охрабрил да достави информација до Владата за парите да ги добие со ребалансот на буџетот годинава. Претпријатето кое  важи како прибежиште на партиски кадри уште од формирањето во 2015 година, во последниот период е мета на партиски обвинувња од опозицијата, а се најде и во неколку скандали. Моментно над 350 вработени во ова државно претпријатие немаат здравствено осигурување затоа што им доцни и исплатата на платите. Таква ситуација со доцнење се провлекува повеќе од една година, а дел од вработените велат дека ќе почнат и штрајк. Селами пак вели дека нема брз излез за претпријатието, но дека не е планирано негово згаснување, напротив, потврдува дека ќе има и нови вработувања. Брзо краткотрајно решение според него се ветените пари од Владата.

„Сме имале неколку состаноци со премиерот и министерите од економската област и ветено, покажале разбирање за ситуацијата особено премиерот кој кажа: Јас доаѓам од земјоделско подрачје и знам што значи вода за земјоделците.И апсолутно ми даде поддршка  да изготвам информација до Влада, ја пуштивме информацијата , побаравме и средства и ветено е од Владата и лично од премиерот од ребалансот којшто сега се спрема да добиеме финансииска помош, со која ќе се сервисираат долговите и тоа ќе ни помогне до крајот на годината или наредната 2020 година да се развиваме, не само да преживуваме“ , вели за Фактор Селами.

Платите на вработените според директорот доцнеле од 2015 година, не од последните неколку месеци. Бидејќи уште од самиот старт на формирањето на претријатието тоа како правен наследник на Водостопанствата во рамки на градовите што се низ целата земја, ги наследило и сите долгови.

Првиот човек на Водостопанство вели дека ситуацијата е тешка, но дека наидуваат на разбирање кај вработените, а дека плата нема и за него.

„Државното Водостопанство должи кон ЕЛЕМ и фирмите за набавка на механизација, механизација која ја набавила претходната власт а не ги подмирила и се околу  130.000.000 денари“, вели Сeлами.

Сепак и Водостопанство има должници или моментно побарува околу 220.000.000 денари.

Овие 3,5 илиони евра се долг од само три јавни комунални претпријатија и тоа од кумановското, струмичкото и беровското. И Владата бара начин како комуналните претпријатија да ги подмират долговите кон Водостопанство.

Денес А.Д Водостопанство брои околу 350 редовно вработени, но за време на сезоната бројката се искачува на 450-500 вработени. Директорот вели дека вработувања се потребни, обврските на вработените се големи, но и теренски, се чистат канали, се санираат дефекти, се пушта водата, се прави евиденција на вработените.

За обвинувањата за партиски вработувања директорот вели дека не е изненаден за обвинувањата ниту коментарите.

„При секое вработување политиката си го прави своето, ќе речат партиски кадри сте вработиле, јас можам да кажам само дека огласот за вработување е јавен и од лицата кои конкурирале се избираат најдобрите. Знам дека едната или другата страна ќе речат тоа не е така, но знате тоа е постапката и по неа ги примаме вработените. Некои луѓе од сегашната власт велат дека Илми Селами работи со кадри од ВМРО, опозицијата пак  вели дека директорот вработува кадри од владеачката гарнитура.  Луѓето се тие конкретни, не се апстрактни. Секој кој што работи ќе си добива шанса за работа, но вработените што прават по работното време си е нивна приватна работа“, вели Селами.

Во јавноста деновиве се пласираше и информацијата за платите на вработените, а директорот вели дека просечната плата во А.Д Водостопанство во месец април била околу 21.000 денари. Инаку, А. Д. Водостопанство е формирано во 2015 година со 100.000 евра оснивачки капитал. 

Н.М.

Можеби ќе ве интересира

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ИЛОН МАСК СО РАДИКАЛНА МЕРКА: Тесла ќе отпушти над 10 отсто од својата работна сила

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

ЕВЕ КОИ ВОЗАЧИ ТРЕБА ДА ГИ ЗНААТ НОВИНИТЕ - Регулаторна со нови цени на нафтените деривати

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

НЕ МУ СЕ ПЛАШЕТЕ НА СТУДЕНИОТ БРАН, ИАКО ДЕНЕСКА ЗАВРШУВА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА - ако е многу ладно, пак ќе ни пуштат парно

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

Кој заработи 2 милиони евра од продажба акции во „Македонијатурист“?

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

БЕЛГРАД НА ВОДА СЕ ШИРИ - ќе се протега и на Нов Белград и ќе дојде до Хиподром

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ВЕЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ИРАНСКИОТ НАПАД: Се очекува цените дополнително да рипнат