20 Април, 2024
0.0254

Агро-прехранбениот сектор во Европа и Централна Азија оценет како "иновативен" и "инклузивен"

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Триесет и првата седница на Регионалната конференција на ФАО за Европа која се одржа за прв пат во Руската Федерација заврши денеска по три-дневните интензивни разговори. Таа е петта во серијата, после регионалните конференции оваа пролет за Африка, Латинска Америка и Карибите, Азија и Пацификот и Блискиот Исток и Северна Африка.

Четириесет и три земји од вкупно 53, плус Европската унија, набљудувачи и претставници од граѓански организации, приватниот сектор, истражувачи и претставници на академијата учествуваа во дебатите во врска со главните предизвици за сигурноста на храната во регионите.

Хозе Грацијано да Силва, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), ја истакна важноста на Агендата за одржлив развој 2030 и улогата на Регионалната конференција во изнаоѓање начини како Европа и Централна Азија да се пренасочат кон одржливо земјоделство и системи за храна во услови на климатски промени.

Додека гладта во светот бележи пораст во 2017 година, регионот како целина постигна значителен напредок во намалување на несигурноста на храната. Сепак, меѓу земјите се забележуваат разлики. Околу 14,3 милиони луѓе во регионот сѐ уште се соочуваат со сериозна несигурност во достапноста на храна, а многу земји во Европа и Централна Азија се соочуваат со т.н. "тројно оптоварување" за неисхранетост, потхранетост, недостиг на микронутриенти и прекумерна тежина и дебелина.

Конференцијата се осврна на потребата за зајакнување на одржливото земјоделство и го истакна потенцијалот на агро-екологијата и другите пристапи. Исто така, ја истакна важноста од усвојување на пристапот на т.н. "системи за храна", со цел справување со различните предизвици кои влијаат на земјоделството и сигурноста на храната, и ја истакна ранливоста на регионот на климатските промени поради кревките еко-системи и ограничените капацитети за управување со ризиците.

Учесниците на конференцијата ја истакнаа важноста за развој на е-земјоделството како алатка за спроведување на Агендата 2030 и ги охрабрија земјите членки да ги споделат добрите практики и научените лекции од иницијативите и апликациите за е-земјоделство. Од ФАО се побара да им помогне на земјите во регионот уште повеќе да ги користат придобивките  од е-земјоделството - на пример преку споделување знаења, градење на капацитети, собирање на податоци и анализа на добрите практики.

Конференцијата, исто така, ја одобри стратешката насока на Организацијата, преку имплементација на Стратешката рамка и трите регионални иницијативи: 1) зајакнување на малите и семејни фарми за подобрување на руралната егзистенција и намалување на сиромаштијата,  2) подобрување на трговијата со земјоделски производи и интеграцијата на пазарите, и новата 3) регионална иницијатива за одржливо управување со природните ресурси и справување со климатските промени.

Конечно, споредниот настан на тема "Свет без глад" ја нагласи итната потреба да се намали отпадот и загубата на храна, бидејќи една третина од глобалното производство на храна за луѓето се троши или завршува во отпад, што изнесува околу 1,3 милијарди тони годишно. Генералниот директор  на ФАО истакна дека загубите на храна претставуваат губење на ресурсите што се користат во производството - како што се земјиште, вода, енергија и други ресурси, што влијае на зголемување на емисиите на стакленички гасови.

ЛИНКОВИ:

Фотографии на конференцијата

https://www.flickr.com/photos/faonews/collections/72157693737253602/

Веб пренос на конференцијата

http://www.fao.org/webcast

Регионална конференција на ФАО за Европа

http://www.fao.org/about/meetings/erc31/en/

Регионални иницијативи на ФАО за Европа и Централна Азија

http://www.fao.org/europe/regional-initiatives/en/


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга