Ахмети ќе се откаже од Албанец-премиер, но под еден услов
Објавено во: Македонија 07 Август, 2020
ДУИ би можела да се повлече од барањето за Албанец-премиер, ако СДСМ предложи друг мандатар наместо партискиот лидер Зоран Заев, објави ИНА.Според агенцијата на албански јазик, ова прашање е на преговарачката маса, но прашање е колку Заев би се откажал од мандатот како победник на изборите.
„Ова е еден од претставените предлози, бидејќи целта е да се оди со владин кабинет без багаж и без биографии вмешани во прислушувања и скандали кои беа дел од политичките судири во изминатиот период, како што бара меѓународната заедница“, објави агенцијата повикувајќи се на партиски извори.
Откако денеска беа фотографирани генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и шефот на кабинет на Али Ахмети, Артан Груби, од двете партии порачаа дека имале конструктивна дискусија за потврда на заложбите за мир, стабилност, безбедност.