Ахмети со целосна поддршка за Нимиц во мисијата за решавање на спорот
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2018
Коалициоскиот партнер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети при средбата со медијаторот Нимиц искажал целосна поддршка во однос на мисијата која медијаторот ја има за решавање на спорот со името.
Решението за името има големо влијание врз иднината, мирот и стабилноста во регионот, изјавил Ахмети по средбата.
„Ние му даваме целосна поддршка на Нимиц во оваа многу знајачна мисија што ја има и се надеваме дека што е можно поскоро ова прашање да има епилог затоа што има големо влијание врз нашата иднина, но и врз мирот и стабилноста“, рекол Ахмети.
Нимиц пак кажал дека секогаш по разговорите со Ахмети добивал добри идеи.