19 Мај, 2019
0.0258

Ахмети: Време е за решенија и мир и за НАТО и ЕУ

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019

Јануари 2019 година ја одбележува 100 годишнината од почетокот на Париската Мировна Конференција која што претставуваше обид да и се стави крај на Првата Светска Војна и тогашниот светски поредок.

Оваа конференција, никогаш вистински не ја оконча Првата Светска Војна и не не научи како се гради мирот затоа што војните и конфликтите продолжија за цел еден век потоа. Последиците од Париз 1919 ги осеќаме и ден денес, посебно во Југоисточна Европа, но уште по нагласени се кај малите народи над кои неправедно се делуваше.

Вчера, на 11 јануари 2019 година, 81 пратеник на Собранието на Република Македонија го започнаа завршетокот на Париската Мировна Конференција.

Денес се роди нов ден, со јасна и црвста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион, пишува во соопштението утринава лидерот и коалициски партнер во владата на Заев Али Ахмети.

„Ние се залагавме долго за да дојдеме до овој ден, потиснувавме многу други очекувања, не адресиравме цели потреби, оставивме на страна многу барања, само и само да се дојде до овој ден што става точка на еден скоро три децениски спор кој што не држеше во заложништво.

Но ова не е крајот, ова е само почетокот. Ова е крај на конфликтите, на недоразбирањата, на нејаснотиите, на непредвидливоста, ова е почеток на крајот на Париските последици од 1919 година.

Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани, на секој гласач, на секој активист, што ја делегираа нивната верба во нас да предводиме, да одлучиме.

Им изразувам благодарност и на сите соработници и содејци, но и на владеачките партнери, заедно со пратениците на опозицијата кои што ни се придружија во овој тежок пат, но одлучен и прав правец“, вели Ахмети.

Тој им искажа почит на пријателите во Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, Рим, Виена и на сите земји сојузници од евро-американската заедница за како што вели, “овој пат го изодевме заедно, оваа висина ја искачивме рамо до рамо до самиот врв“.

„Ние само што го започнавме поправањето на грешките од Париз 1919, редот е на Косово и Србија. Овој регион, од каде што започна уништувачката вековна лавина во 1914 година, треба и да ја заврши.

Време е за решенија, време е за мир, време е за НАТО и за Соединетите Европски Држави“, додава на крајот Ахмети.

Можеби ќе ве интересира

Би Би Си: Луѓето бараат летови за во Скопје во мај 2020

Би Би Си: Луѓето бараат летови за во Скопје во мај 2020

Пендаровски до Тамара Тодевска: Вие сте наши победници!

Пендаровски до Тамара Тодевска: Вие сте наши победници!

Како Мицкоски и честиташе на Тамара?

Како Мицкоски и честиташе на Тамара?

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Политичката одговорност е особина на секој политичар во Европа, ама не и во Македонија

Ѓорги Спасов: Тамара ги замолчи сите што бараа да не учествуваме на Евровизија

Ѓорги Спасов: Тамара ги замолчи сите што бараа да не учествуваме на Евровизија

Подгответе се за промена на времето попладне

Подгответе се за промена на времето попладне

Заев со честитка до Тамара: Скапоцени се овие моменти на единство

Заев со честитка до Тамара: Скапоцени се овие моменти на единство

Тамара за „Женски Магазин“: Едвај чекам оваа позитивна енергија да ја споделам со Вас

Тамара за „Женски Магазин“: Едвај чекам оваа позитивна енергија да ја споделам со Вас

Сите пишуваат за историскиот успех на Македонија на Евровизија

Сите пишуваат за историскиот успех на Македонија на Евровизија