АЈА СОФИЈА ЈА ПРЕЛЕА ЧАШАТА: Eвропа размислува за санкции против Турција
Објавено во: Балкан 14 Јули, 2020
Европската Унија размислува за мерки против Анкара.
УНЕСКО жали поради одлуката на турските власти за промената на статусот на Света Софија, изјави деновиве директорката на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединети нации, Одре Азуле.
Таа истакна дека Света Софија како дел од Истанбул има силна симбиличка, историска и универзална вредност.
Турскиот претседател Реџепт Таип Ердоган претходно го потпиша декретот откако судот претходно ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Аја Софија од џамија во музеј.
Ердоган повика на оваа промена за време на минатогодишниот предизборен митинг.Али Ербас, шеф на турската служба за религиозни работи, во неделата престојуваше во посета на Аја Софија за да даде упатства за нејзино претворање во џамија.
Сепак, Аја Софија ќе биде отворена за посетители кога во неа нема да се обавуваат молитви, а христијанските симболи и мозаици ќе останат нејзин составен дел.