18 Април, 2024
0.0599

Ајде да зборуваме за знамето и химната!

Објавено во: Македонија, Колумни 30 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Во претходната колумна, рековме дека можеби еден од основните проблеми на денешната политика е претераната политичка коректност. Неолибералната идеологија, со т.н. идентитетски политики создаде мантра дека врвен приоритет е да се биде политички коректен. Со тоа, политиката не само што стана досадна, туку веќе престана и да дразни и провоцира. А кога политиката престанува да провцира, таа не ја притиска реалноста, не ја турка до работ, не ја доведува до нејзините крајни консеквенци, и на тој начин ниту ја согледува реалноста, ниту нуди решенија, ами само го зачувува постојниот политички поредок.

Токму од перспектива на политичката коректност, сè што е политички смело звучи како политичко богохулење. Од таа перспектива и денешната колумна изгледа дека тестира „опасна“ хипотеза! А таа е следнава: Македонците треба да бидат првите кои во најкус можен рок треба да иницираат промена на знамето и химната! Да видиме зошто!?

Симболите воопшто, се најважниот, најзначајниот и со тоа најкохезивниот елемент на секоја заедница. Ако го следиме Јунг, симболите не само што се ентитети вкоренети во несвесното, туку како такви, тие се моќни енергетски точки на севкупната психичка енергија. Всушност, според него, симболите претставуваат аналогии на нашето инстиктивно. Анималното, ако сакате. Тие се сублимат на примарните инстинкти. Или, јунговски - тие се феноменолошки организатори на либидото. А тоа е најсилното кај човекот. Човекот, во суштина, колку и да сакаме да го мислиме за рационално суштество, е длабоко ирационално, инстиктивно, анимално, водено од своите импулси, инстикти и несвесни пориви! Симболот, како таков привлекува многу енергија и ги детерминира начините на кои психичката енергија се насочува. Земете ги религиите - во основа тоа се симболички системи кои мобилизираат огромна маса луѓе. Отстранете ги симболите и целиот систем паѓа, се руши неговата моќ за мобилизација!

При тоа, симболот не треба да го третираме површно како јасен, еднозначен знак. Не, симболите имаат намерно некоја длабочина, таинственост и мистичност која го прави поединецот чувствителен на непознатото. Симболот ги отвора портите на несвесното и оностраното. Искуството на симболите, според Јунг, го обединува во поединецот телото и душата во една моќно, убедливо чувство на целост. Затоа симболот е толку важен, симболот, во суштина ја претвора природната човекова енергија во духовни продукти и култура! Симболот Е култура!

Е сега, кога дојдовме до овде, дека симболот не само што ја репрезентира, туку и ја креира културата, мораме да го поставиме нашето конкретно прашање! Дали нашите актуелни симболи репрезентираат и креираат една заедничка култура? Во јунговска смисла, би рекле - дали истата сублиминална енергија, „тече“, во создавањето на еден единствен идентитет на оваа заедница? Дали сите етнички заедници се вкоренети во една, единствена, заедничка симболика!? Дали нашата заедничка, потсвесна ирационална структура споделува една иста основа? Одговорот чинам на сите ни е јасен. И нема потреба да се аргуменира. Ниту една од етничките заедници не споделува заеднички симболички поредок. Ако политичкиот поредок е првенствено симболички поредок, јасно е дека ние не живееме ист политички поредок, не делиме ист политички простор, оти не споделуваме исти, заеднички симболи. Ние живееме паралелни симболички, а со тоа и политички светови! Оваа заедница не е конституирана сè уште како „polis“, т.е. како политичка заедница, ergo - како нација!

И тука, она што мене ми паѓа во очи и што всушност ме загрижува е „генијалноста“ на ДУИ, во оваа смисла. Имено, не знам дали сте забележале, но дури и кога имале шанса, дури и во војна и после војна, дури и при мировни и Рамковни договори, дури и при отворање на устав, дури и при најголемите уцени... тие никогаш не ја искористиле можноста да протнат универзални државни и национални симболи! Да, секогаш зборуваат дека ниту химната, ниту знамето не ги репрезенираат како етничка заедница, но никогаш кога имале шанса, реално не ја искористиле тоа да го променат. Секако, за уважување е нивниот сентимент, дека како етничка заедница, знамето и химната не ги рефлектираат нивните чувства и нивниот идентитет генерално, но сте се прашале ли зошто не се обиделе да го променат тоа!? Дури, напротив, секогаш кога имале прилика - како при потпишувањето на Рамковниот, или при донесувањето на „Законот за употреба на знамиња...“, отворањето на Уставот... - ја зацементирале и зацврстиле употребата на етничките и национални симболи на Албанија (не на македонските албанци) на официјално, институционално ниво. Само еднаш бледо се согласија на промена на грбот, т.е. симнувањето на петокраката од него. Зошто? Затоа што грбот е нај неекспонираниот национален симбол и многу потешко се врежува во потсвеста и потешко служи за колективна идентификација (сигурно не го гледате пасошот или личната карта секој ден, или не си го читате свидетелството или дипломата секој ден, но знамето го гледате скоро секој ден).

Се поставува логично прашањето – ако знамето и химната не ја репрезентираат албанската етничка заедница, но и останатите заедници во Македонија, зошто ДУИ не вложиле напор тоа да го променат!? Зошто кога реално имале прилика да ги реализираат декларативните заложби (а до сега демонстрирале дека можат да остварат тоа што ќе наумат), тоа и фактички не го сториле? Одговорот е едноставен - кога би имале знаме и химна што ги рефлектира и нив, тоа би значело во извесна смисла да се откажат од етно симболите на Албанија, а со тоа и од идејата за албанството и сè „големо“ што од таму произлегува. Со тоа, конечно, откажувањето од идејата за албанството, би значели откажување и од обединувачката идеја на албанството – голема Албанија! Кога би ги промениле знаемето и химната на начин што би ги рефлектирало и нивните сентименти и особености, тоа би значело, дека повеќе ќе немаат изговор да не ги употребуваат, да не ги истакнуваат. Тоа би значело сите да се наредиме под истото тоа знаме и сите да ја пееме истата таа химна! Тоа би им дало и полн легитимитет и на институциите да ја санкционираат неупотребата и омаловажувањето на симболите.

Конечно, сето ова би значело можност за создавање една единствена симболична основа за заеднички полис и заедничка култура и со тоа споделување на заеднички национален идентитет. Ова би значело поставување основа за вистинска, симболична, а со тоа и реална општествена интеграција. Ова би значело колективна идентификација на сите етнички заедници под една-единствена обединувачка симболичка енергија! Ова би значело интензивирање на процесите на општествена кохезија и запирање на процесите на дезинтеграција кон кои неминовно стремиме! Затоа, ако сакаме да спасиме нешто што остана да се спаси од ова заедничката, унитарната и нефедерализирана држава, тогаш етничките македонци треба да бидат првите што храбро и недвосмислено ќе ја отворат и затворат оваа тема, еднаш засекогаш! 

Трајче Стојанов

Ставовите изразени во рубриката колумни се лични ставови на авторот и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!