29 Март, 2024
0.0258

Академик Изет Зеќири: 45,6 отсто од семејствата со помош за трето дете беа албански, затоа се укинува

Објавено во: Македонија 23 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Членот на МАНУ, Изет Зеќири, реагираше во медиумите дека укинувањето на мерката за финансискат помош за трето дете ќе ја погоди најмногу албанската заедница во Македонија, бидејќи 45,6 отсто од семејствата од овој етникум добивале по 8.300 денари месечно предвидени за 10 години.

„Тоа е погрешен потег од страна на владата за укинување на додатоците за трето дете и негова наводна замена за помош на само деца родени од родители со социјална помош.“, вели академикот, според кого двете мерки не можат да се споредат, бидејќи првата е демографска, а втората социјална против сиромаштија.

Според професорот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги изедначува двата концепти

„Не може помош за трето дете да биде заменето со помош на сиромашните семејства. Затоа што тогаш тоа ќе биде мерка против сиромаштијата или мерка која се занимава само со заштитата на сиромашните граѓани. Дополнително, за трето дете е демографска мерка насочена кон стимулирање на наталитетот и стабилизирање на наталитетот“, вели Зеќири.

Според него, неприфатливо е да се тврди дека мерката не го дала својот ефект, бидејќи таа е воведена во 2009-та, а надолните тенденции се од 1995-та.

- Оваа мерка не само што го стабилизира прирастот, туку успеа да го поттикне и заживее поголемото раѓање. На пример, имавме 22.945 раѓања во 2009 година, а како резултат на оваа мерка во 2011 година имаме 24.296 раѓања, во 2013 имаме 23.568 раѓања, во 2015 година имаме 23.596, а во 2016 година имаме 23.002 раѓања. Овие податоци покажуваат дека не само што имаат стабилизација на раѓањето, туку и го зголемуваат, додава тој.

Додава дека 45,6 отсто од корисниците на субвенцијата се албански семејства, 33,1% се македонски семејства, 7,8% се турски семејства, 9,4% се ромски семејства.

-  Ако ги анализираме корисниците во Тетово, бројот на корисници е 3.372, од кои 2960 се Албанци, 307 Македонци, 73 Роми, 30 Турци. Укинувањето на плаќањата за трето дете како мерка сама по себе содржи стравови за раѓањето на претежно Албанци, смета Зеќири.

Вели дека сите држави преземаат вакви мерки и го поддржуваат наталитетот со финансиска помош, а како пример ја посочи Албанија, која им обезбедува помош од 3.150 евра за првото дете, за второто 6.300 евра, а за трето 9.450 евра.


Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор