20 Април, 2024
0.0288

Академик Коцарев: На 5Г ќе се базираат електронското здравство, автономните возила, паметните градови

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Една од најголемите енигми на човекот, од почетокот на годинава, паралелно со стравот од пандемијата на корона вирусот е воведувањето на 5Г технологијата. Во однос на ова прашање, академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, во неодамнешното интервју за Фактор цитира двајца врвни експерти од оваа област, чиј став, како што вели е јасен: нема потреба за страв, имплементирањето на 5Г технологијата треба да биде придружено со воведување мерки за безбедност, што вклучува вложување во науката, воведување соодветни прописи и мерки за спроведување на прописите. Но, академик Коцарев, кој и самиот е врвен експерт од областа на електротехниката и физиката додава и свое мислење изградено врз основа на неколку научни публикации.

-Набргу, 5Г ќе стане основа за воведување други напредни технологии: електронското здравство, автономните возила, паметните градови, паметните домови, интернетот на нештата и др. Во една научна публикација од 2013 година (станува збор за трудот Kosinski, Stillwell, and Graepel, "Private traits and attributes are predictable from digital records of human behavior," Proceedings of the National Academy of Sciences, 110.15 (2013): 5802-5805), истражувачите покажаа дека лесно достапната дигитална евиденција за однесувањето, FacebookLikes, може да се користи за, автоматски и прецизно, да се предвиди психолошкиот профил на поединецот, вклучувајќи: сексуална ориентација, етничка припадност, религиозни и политички ставови, особини на личноста, интелигенција, среќа, употреба на зависни супстанции, родителска поделба, возраст и пол. Овие анализи овозможија, во 2016 година, според списанието The New York Times (McKenzie 2016), врз основа на тоа што постојат "приближно четири до пет илјади податоци за секој поединец", да се генерираат модели на "личноста на секој возрасен човек во САД, околу 230 милиони луѓе“. Фрапантно, но истовремено и ужасно. 5Г, за жал, само дополнително ќе ја зголеми жедта за нови ресурси, што ќе предизвика потрага по сè подлабоки слоеви на податоци кои може да се користат за да се измери човечката психа, свесна и несвесна, приватна и јавна, индивидуална и општа. Така, 5Г може да заврши и како основен сервис на авторитаризмот. Со други зборови, воведувањето мерки за безбедност, вложување во науката, воведување соодветни прописи и мерки за спроведување на прописите, треба да се однесуваат и за овие можни примени и злоупотреби на 5Г технологијата, истакнува академик Коцарев во интервјуто за Фактор.

Целото интервју на следниот линк: 

https://faktor.mk/intervju-akademik-kocarev-pretsedatel-na-manu-akademijata-istrazuva-zoshto-se-razlichni-simptomite-kaj-zarazenite-so-kovid-19--


Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо