23 Април, 2024
0.0281

АКАДЕМИК ТАКИ ФИТИ: ЗА МАНУ ПРИФАТЛИВ Е ПРЕДЛОГОТ „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (СКОПЈЕ)

Објавено во: Македонија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Македонскиот премиер Зоран Заев побара од МАНУ да излезе со свои сугестии, мислења, совети за тоа како треба понатаму да се одвива преговарачкиот процес и како треба да се аргументираат некои позиции кои Македонија ги има во врска со  дијалогот со Грција особено оние што се поврзани со нашиот идентитет, но и за прашања кои изгледаат дека не се идентитетски, но во суштина навлегуваат во идентитетот“, рече претседателот на МАНУ, Таки Фити  во интревју за емисијата Фактор магазин на ТВ24.

„На пример на пишувањето на евентуалното име со географска одредница на латиница, тоа не е така наивно и едноставно и тоа не може да се прифати или за пишувањето  на јазикот на латиница, како тој би се изговарал во светот ако е напишан на латиница. Не може тоа да биде македонски јазик и да го изговараме како што го изговарме и да биде напишан на латиница. Мора да биде со англиска транскрипција  -„Macedonia“- рече  академик Фити.

Според него прашањата врзани со барањето за промена на Уставот, прашањето поврзано со тоа каде ќе се употребува новото име се исто така значајни и не треба да се потценат.

„Име што МАНУ го преферира во целиот овој период е Република Македонија (Скопје), ако веќе мора да се направи компромис. Тоа е она што ние го преферираме како Академија. Имам информации дека  предлогот Република Македонија (Скопје) го преферира и Владата, меѓутоа кај Грција тоа е изгледа последна алтернатива“ - изјави  академик Фити.

Академик Фити во интевјуто за Фактор магазин рече дека Владата не ја консултирала МАНУ, ниту побарала мислење од неа за Законот за јазици.

„Владата не го прати Законот за јазици  ниту во МАНУ, ниту  во Институтот за македонски јазик, ниту на Катедрата на Филозофскиот факултет и затоа ние долго време не можевме да се произнесеме во однос на ова прашање. Ставот на МАНУ е дека ќе се прифати  Законот за јазици  само ако е  во рамките на Уставот. Македонија е мултиетничка и мултинационална држава. Сите заедници што живеат во Македонија имаа право  да бараат унапредување на  јазичните права, но дека целиот комплекс што е врзан со меѓунационалните  односи, според тоа и со прашањето со употребата на јазиците мора да се решава на мирен и демократски начин, во рамките на институциите на системот, мора да има дијалог, без условување и уцени од било која страна. За сите заедници во Македонија интегративен јазик е  македонскиот јазик и треба да  се почитува“ - вели Фити. 

Претседателот на МАНУ во 30 минутното интервју за Фактор магазин  оцени дека има одредено забавување на реформскиот процес, додавајќи дека е неопходно да  профункционира политички дијалог

„Не е важно само да се усвојуваат законите, неоходна е и нивна целосна имплементација бидејќи по тоа Брисел ќе ја оценува Македонија“, потенцираше Фити кој во разговорот со Горазд Чомовски се осврна и на економската состојба на земјата.

 

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу