АКЦИИТЕ ВО ПАД: Големиот авиопревозник „Џет Ервејс“ во големи проблеми
Објавено во: Економија 18 Април, 2019
Непостигнатиот договор со банките за привремено финансирање е причината поради која најголемиот приватен авиопревозник во Индија, авиокомпанијата „Џет Ервејс“ ги запрела сите летови.
Инвеститорите веднаш ги „казниле“ акциите на Џет ервејс на стартот на тргувањето , предизвикувајќи нивен пад од 34 отсто, што е најголем дневен пад на акциите на таа компанија, пренесе Ројтерс.
Актуелната вредност на компанијата е 260 милиони долари, во однос на 1,6 милијарди долари на врвот на нејзината моќ во 2005 година. Авиокомпанијата со месеци се бореше за да опстане на пазарот.
-Ова е тешка одлука, но без привремено финансирање, авиокомпанијата едноставно не е во можност да управува со авиопревозникот на патниците-се наведува во нејзиното соопштение.
Колапсот на авиокомпанијата е огромен удар за индиската авио-индустрија која се бори да ја задоволи растечката побарувачка и притоа да ги задржи ниските цени и трошоци.
Иако компанијата наведува дека се работи за привремен раст на запирање на летовите, многумина сметаат дека поради недостатокот на финансии 20 000 работни места се во опасност.