АКЦИЈА ВО КРУШОПЕК: Запленета голема количина дрога
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2020
Според информациите на ТВ21 во тек е полициска акција во селото Крушопек, Сарај.
Запленет е кокаин, иако засега точно не се знае колкава количина завршила во Крушопек, сепак неофицијални извори за ТВ21 велат дека се работи за околу еден тон.