20 Април, 2024
0.0609

Акционери: Лажниот стечај на ТЕ-ТО е ништовен

Објавено во: Економија 06 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Уште една потврда дека има сомнителни дејства во случајот со стечајот на ТЕ-ТО е тврдењето на Комисијата за хартии од вредност дека постојат основи на сомневање дека сметководителот и независните ревизори постапиле спротивно на Законот за хартии од вредност, велат акционери на Топлификација друштво кој е доверител во друштвото за кое веќе има и кривични пријави од Финансиската полиција. Тие не се откажуваат од намерата да докажат дека има низа неправилности во овој случај и дека се оштетени.

„Прашувам зошто и покрај ваков јасен случај за криминал со вакви огромни размери со докази кога еве и КХВ признава дека тука несомнено е направен криминал и акционерите се оштетени. Обвинителите молчат и не прават ништо иако ги имаат сите документи. Чудно е што иако пријавата е од 30.05.2018 година се уште нема ништо и се обидуваат да играат пинг понг односно самите да се прогласуваат за ненадлежни односно да го предаваат предметот од ОЈО во Обвинителството за организиран криминал и обратно, што е кривично дело, вели Ивица Стојановски акционер од Топлификација.

Тој објаснува дека спогодбите меѓу Битарр Холдингс Лимитед, акционер во ТЕ-ТО АД и акционерското друштво ТЕ- ТО АД се ништовни и дека тоа треба да му биде јасно и на правник приправник. Сепак како што вели Стојановски, за судијата кој го водел лажниот стечај на ТЕ-ТО АД и за мнозинството судии од советот во Апелација се било законски, со што тврди Стојановски, тие легализирале грабеж од 150 милиони евра колку е вкупниот отпис во овој лажен стечај.

„Акционер во акционерско друштво може да има деловни односи со акционерското друштво во кое е акционер. Доколку акционерскиот удел на акционерот во акционерското друштво е до 20 проценти за тие деловни односи одлуки носат раководните органи на акционерското друштво. Доколку акционерот има акционерски влог во акционерското друштво поголем од 20 отсто, тогаш за таквите деловни односи помеѓу акционерот и акционерскотодруштво одлука мора да донесат другите акционери во акционерското друштво, а акционерот учесник во деловниот однос е исклучен од одлучување. Во ТЕ- ТО АД акционерската структура е едноставна: Битар Холдингс Лимитед има 89,2 отсто, Топлификација АД има 10,8 проценти. Значи за да спогодбите согласно кои се менуваат датумите на достасување на заемите на Битар Холдингс Лимитед се валидни, истите требало да ги одобри Топлификација АД, како единствен малцински акционер, вели Стојановски.

Според него и другите акционери, стечајниот судија веднаш требало да ја одбие постапката за стечај, а советот на апелација да ја преиначи пресудата на стечајниот судија.

„Спогодбите за предвремено достасување на обврските на ТЕ ТО АД кон Битар Холдингс Лимитед се ништовни, а согласно тој факт и лажниот стечај е ништовен. Ако тоа му е јасно на правникот приправник, сигурно му е јасно и кои се виновниците за овој незабележан грабеж реализиран со одлуки на стечајниот судија, потврдени од мнозинството судии во советот на апелација. Во конкретниот случај има повеќе други причини, овој лажен стечај ни случајно да не се процесира, но за жал истиот во моментот е правосилен, атоа значи штета од над 50 милиони евра за македонски фирми. Бидејќи е јасно дека оваа штета е настаната со судски одлуки, доколку истата не се наплати од ТЕ ТО АД, за што постојат повеќе можности, штетата ќе се побарува од Република Северна Македонија, завршува Стојановски.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите