26 Април, 2024
0.0284

Акционерски смени и продор на познати бизнисмени во подобри компании билдаат промет на берза: Кој направи раст од 30 отсто на блок трансакциите?

Објавено во: Економија 23 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Блок трансакциите во кои се продаваат акции на добри македонски компании продолжуват да бидат карактеристика на тргувањето на берза годинава. Прометот од блок трансакции во првите шест месеци годинава бележи раст од 30 отсто, во последниот период е особено интересено кај Комерцијална банка и кај Реплек.

Вложувачите се подготвени да дадат повеќе пари, па цените растат, како на Реплек, друштвото во кое, веќе е јасно, капитал таложи бизнисменот Зоран Азманов. Тој преку неговата градежна компанија „Настел“ веќе купи 6 отсто од акциите со право на глас, но како што изјави за Фактор, планирал да продолжи да го зголемува учеството до 25 отсто. Вчера во текот на денот помина една блок трансакација, а една беше реализирана и во вторникот. Нови стотици илјади евра се искеширани за трансакции и со акциите на Комерцијална банка. Вчера и завчера се продадени во блокови околу 7.500 акции на банката. За интересот за оваа банка веќе пишувавме, а вложувачите се привлечени поради добрите резултати кои банката најверојатно ги има и во вториот квартал годинава.

Вчера во блок трансакција беа продадени 302 акции од Реплек, за вкупно 32,7 милиони денари или за над 530 илјади евра. Цената на акцијата во блокот е 102.200 денари што е повисоко од цената а акциите во блок трансакцијата реализирана во вторникот кога поминаа 55 акции за 102.000 денари по акција. Претходно кога Азманов стекна 6 отсто од акциите на оваа фармацевтска компанија, плаќаше по 101.000 денари. Бизнисменот искешира над 2,5 милиони евра и рече дека нема да застане овде.

Во текот на вчерашниот и завчерашшниот ден пак, се реалзираа три блок транскации со акции на Комерцијална банка за 74 милиони денари или 1,2 милиони евра. Една акција вреди 9.880 денари а се истргуваа 7.504 акции со право на глас. Комерцијална банка имаше фантастичен старт годинава, а последните случувања на пазарот на капитал само може да значат дека податоците за второто тромесечје се уште подобри. 

При крајот на минатиот месец, Адора инженеринг на бизнисменот Ванчо Чифлиганец плати 6,95 милиони евра со кои купи 48.837 акции со право на глас во „Комерцијална банка“. Акциите градежната компанија на Ванчо Чифлиганец ги плати по пазарна цена која изнесува 8.750 денари за акција. Со ова купување „Адора Инжинеринг“ сега поседува 15 отсто од сите акции со право на глас во најголемата македонска деловна банка. Досега „Адора Инжинеринг“ плати повеќе од 15 милиони евра за акции во „Комерцијална банка“.

Неколку дена подоцна ЗСФ ком на градежникот Фатмир  Етеми, кој е претседател на Надзорниот одбор во нова блок трансакција вредна 5 милиони евра купи 1,6 отсто од акциите на банката.

Етеми самиот, исто така купи 4.312 обични акции издадени од банката, а за нив тој  плати 37.730.000 денари или околу 613 илјади евра.

А.Т.



Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија